Насловна / Архитектура / Вила во Бареиро, Сетубал на архитектот Аирес Матеус

Вила во Бареиро, Сетубал на архитектот Аирес Матеус

„Куќа во Бареиро“, лоцирана во малиот и живописен град Бареиро, во Сетубал, со одличен поглед на Лисабон, е трансформација од остатоците од два магацини во нова куќа, проектирана од португалскиот архитект Аирес Матеус.

При рехабилитација се задржа автентичниот надворешен изглед и трагите од минатото на магацинските хали обединети во еден простор со цел да се смести нова апстрактна формација дефинирана преку чистиот простор и минималистичка архитектура.

3 7

По една деценија работа, скиците на Мануел Аирес Матеус конечно преминаа од хартија во реалност, карактеризирајќи го дизајнот со идејата да се создаде структурен колапс исполнет со вода и да се трансформира во базен, создаден за уживање во прекрасните погледи на пејзажот на реката. Единствената модификација е воведувањето на ѕидна површина со цел да се создаде момент на приватност.

6

Оаза од околу 600 квадратни метри со поглед кон Лисабон, чија внатрешност содржи чисти и светли простори опкружени со атриуми, дефинирани со две скалишта на секоја страна од овој централен простор, кои функционираат како скулпторски целини, како водичи за корисниците меѓу приземјето и двете соби во кои се сместени спалните соби. Две градини ја конфигурираат врската помеѓу внатрешноста и надворешноста. Архетипскиот волумен постои во просторот под покривот формиран од негативот на базенот на покривот. Куќата во овој простор е дефинирана преку односот помеѓу волуменот на базенот и постоечките ѕидни платна.

Структурно, најпредизвикувачкиот дел од објектот не се шиповите поради близината до реката, туку процесот на обмислување на градење за да се создаде базен на покривот, кој го асоцира архитектот на физиономијата на син кит.

8 12 9 10 11

„Сакавме да се увериме дека луѓето што живеат овде имаат чувство дека можат слободно да се движат. Следствено, откако ќе стигнете до главната галерија, просторот се дели на гостински дел и приватен дел за сопствениците на спротивната страна. Задниот простор е резервиран за деловни намени, обединувајќи ја целината. Според Аирес Матеус функционалниот распоред е резултат на идејата; „Оној што ќе се всели во куќата е секогаш тука за да учествува во овој простор“.

Воспоставени се два вида интервенции: конзервација и обновување – во кои се предлага општа реставрација на објектот – и нова интервенција – адаптација на објектот со нова имплементирана програма.

Преку реевалуација, како резултат на уривањето на внатрешниот ѕид што ги дели двата кораби, се формира фузија која диктира современ пристап кон празнината на габаритот. Така, празнината помеѓу новата фасадна обработка и веќе постоечката е зачувана; при што се обликува јазот меѓу нив.

19 18 17

Централниот простор е двовисински, акцентирајќи го контрастот помеѓу негативата на базенот и почетниот архетип. Во хармонија со слободниот ентериер, вдлабнатината што го оцртува базенот со конкавниот ѕид има за цел да го акцентира интимниот момент кон реката и градот Лисабон.

Изградбата како приоритет го посчува зачувувањето на оригиналните техники. Современите методи го подобруваат квалитетот, безбедноста и удобноста. Надворешните ѕидови се реставрирани со варов малтер. Внатре, ѕидовите се зајакнати со обоени бетонски плочи. Новата конструкција користи армиран бетон, со што се консолидираат постојните ѕидови.

20

Новите ѕидови користат „Cappotto“ на тула или бетон, обезбедувајќи мазни површини; додека внатрешните ѕидови се изработени од перфорирана тула, малтерисани и обоени во бело. Застаклувањето е обезбедено преку анодизиран алуминиум во природна боја со двојно стакло, а гаражните и влезните врати се изработени со бел лакиран лим.

Внатрешните подови се изработени од бел флексибилен цемент со влакна; додека во надворешноста, партерот околу базенот и терасата се обложени со водоотпорна структура од бел полиуретан. Оградите се составени од бели лакирани метални профили вградени во подот.

Испрати коментар

Scroll To Top