Насловна / Вести / Стартуваше пробивањето на мегатунелот низ срцето на Европа

Стартуваше пробивањето на мегатунелот низ срцето на Европа

Европа влезе во нова клучна фаза од реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти на светот – изградба на тунелот Brenner Base под Алпите, кој по изградбата ќе биде најдолгиот железнички тунел на Планетата. Новата фаза на проектот официјално започна откако џиновската машина за пробивање на тунели започна со работа на јужниот приод на коридорот Brenner помеѓу Австрија и Италија. Станува збор за импресивна машина TBM (Tunnel Boring Machine), долга 144 метри, со глава за бушење со пречник од речиси 10 метри.  Машината е специјално проектирана за исклучително сложените геолошки услови на Алпите и може да работи во два режими, во зависност од видот на карпите низ кои минува.

Тунелот Brenner Base е дел од огромниот европски коридор кој ги поврзува Скандинавија и Медитеранот. Комплетниот систем на тунелот ќе биде долг 64 километри и ќе стане најдолгиот железнички тунел на светот. Целта на проектот е да го забрза железничкиот сообраќај, да го зголеми капацитетот за товарен желзнички транспорт, како и да дислоцира милиони тони стока од патиштата кон железницата. Токму затоа, европските власти го гледаат овој проект како клучен за намалување на емисиите на CO2 на една од најфрекфентните сообраќајни рути во Европа. По завршувањето на проектот, патувањето помеѓу Италија и Австрија ќе биде значително побрзо, додека железницата ќе превземе голем дел од товарниот сообраќај кој денес се одвива по копнен пат преку Алпите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top