Насловна / Вести / Рецепт за спас на коралните гребени: Само додајте риби

Рецепт за спас на коралните гребени: Само додајте риби

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Минимум 500 килограми разновидни риби на хектар. Толку риба е потребно за да се обезбеди опстанокот на коралните гребени надвор од границите на заштитените подрачја, според рецептот за спас на деградираниот екосистем на коралните гребени што го предлагаат научниците од австралискиот Институт за морски науки, Друштвото за конзервација на дивиот свет (WCS), Универзитетот Џејмс Кук и други организации во студијата објавена во познатиот журнал Nature.

Како што пренесува порталот EurekAlert!, научниците го процениле количеството риба што гравитира кон коралните гребени и клучните видови риби во повеќе од 800 гребени на 64 локации низ целиот свет, па според тие податоци го процениле временскиот период што е потребен за гребенот да закрепне во случаи кога уловот на риба е умерен и во случаи кога уловот на риба е претеран. Научниците коментираат дека враќањето на популациите риба во коралните гребени и функциите што тие ги вршат ќе ја зголемат отпорноста на гребенот кон големите закани, како што се климатските промени.ribi koralni grebeni_2

Веќе е познато дека коралните гребени во светските мориња се во криза, загрозени од прекумерниот риболов, загадувањето и урбанизацијата на крајбрежните појаси, како и поради промените во климата. Според некои бројки, во криза се веќе 75 проценти од коралните гребени во светот, а повеќе од 20 проценти се целосно исчезнати како резултат на климатските промени и прекумерниот риболов, во последниве 30 години. Во исто време, само дваесетина проценти од коралните гребени се заштитени во рамки на морски заштитени подрачја.

– Успеавме да процениме колкав број риби би гравитирале кон одреден корален гребен ако нема риболов, како и колку време ќе им треба на новозаштитените подрачја да закрепнат. Ова е важно за да го увидиме влијанието на рибната индустрија врз гребените за да донесеме клучни решенија за иднината на ова богатство – ја пренесува EurekAlert! изјавата на  М. Арон Мекнил, истражувач во австралискиот Институт за морски науки и еден од авторите на студијата.ribi koralni grebeni_3

Како што понатаму пренесува EurekAlert!, експертите се согласуваат дека риболовот е главниот виновник за деградација на коралните гребени, поради што и менаџерите во рибната индустрија сè повеќе почнуваат да бараат решенија како да ги обноват овие гребени и да ја зголемат нивната издржливост. Ако локалната рибна индустрија знае колку риби треба да остави во коралните гребени за да се обезбеди одржливост на системот, таа ќе знае каде да ја постави границата во својата работа, велат експертите.ribi koralni grebeni_5

Научниците во својата анализа вклучиле широк спектар корални гребени – од оние во кои се бележи прекумерен риболов, како на Карибите, до локации со многу ниска стапка на риболов и изобилство риба, кај Велигденските острови. Од анализата произлегле неколку заклучоци: корален гребен во кој не се лови риба „тежи“ 1.000 килограми рибна биомаса на хектар; знак за корален гребен со прекумерен риболов е рибна маса од само 100 килограми на хектар; утврдено е дека коралните гребени во кои има 500 килограми рибна биомаса на хектар ги одржуваат еколошките функции, иако во нив се одвива риболов; утврдено е дека 83 проценти од точно 832 гребени кои биле предмет на оваа анализа содржеле помалку од 500 килограми рибна биомаса; проценето е дека на еден корален гребен во кој се практикува умерен риболов му се потребни 35 години за да закрепне, а на оние гребени кои биле предмет на прекумерен риболов може да им бидат потребни и до 60 години за да се вратат во првобитната состојба, пишува понатаму EurekAlert!.ribi koralni grebeni_4

– Забраната за употреба на одредена опрема за рибарење, како што се ситните мрежи и селекцијата на видовите риби што може да се ловат, може да им помогне на менаџерите во рибната индустрија активно да се вклучат во заштитата на коралните гребени на подрачјата што не може да се вклучат во заштитени зони – коментираат авторите на оваа студија.

Друштвото за конзервација на дивиот свет (WCS) на јутјуб каналот сподели и кратко видео поврзано со оваа тема што е достапно на линкот https://www.youtube.com/watch?v=fDzMzyWZxL8&feature=youtu.be

 

Испрати коментар

Scroll To Top