Насловна / Вести / Пет примери за најрадикални мерки за забрана на автомобилите

Пет примери за најрадикални мерки за забрана на автомобилите

Во екот на потресите на германската автоиндустрија, поради одлуката на Врховниот суд  со која на градовите Штутгарт и Диселдорф им се дозволува да ги забранат дизел возилата од постарата генерација, претставуваме некои од најрадикалните мерки за забрана на возилата со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градовите. Примерите се од сите делови на светот.

Копенхаген, Данска

Главниот град на Данска е еден од првите кои започнале сериозно да се посветуваат на заштитата на животната средина, по нафтената криза во седумдесеттите години од минатиот век. Со сет урбанистички закони, редефиниран е градскиот јавен простро и промовиран е велосипедизмот. На местата на некогашните паркиралишта, никнале паркови и пешачки зони. Главната мерка за демотивација на граѓаните за купување на автомобили станува високиот данок, од дури 180% на било кој нов модел. Тоа значи, дека за да поседувате автомобил кој чини 20.000 евра, треба да одвоите 50.000 евра. Низ годините, Копенхаген пстојано ја зацврстува својата позиција во борбата за поквалитетен воздух и ублажување на климатските промени, a Guardian забележува дека во 2016-та година на улиците на овој град имало повеќе велосипеди отколку автомобили.

bykes

Мексико Сити, Мексико

Во текот на 1989 година, мексиканските власти вовеле рестрикции, и возачите биле спречени да сообраќаат во одредени денови од неделата. Шемата била базирана на броевите на регистарските таблички, така што автомобил чија регистрација завршува на 5 или 6 не ќе можел да се користи во понеделник, итн.

Сепак, оваа програма предизвикала контра – ефекти. Граѓаните кои можеле да сеи дозволат купување на уште еден автомобил, си овозможиле алтернатива з аденовите кога инаку возењето би им било забрането. На тој начин флотата автомобили се зголемила. Притоа, повеќето од овие автомобили биле од постарата генерција, па уште повеќе го загадувале воздухот. Извештајот на Светска банка посочува дека забраната не придонела за ниту една од очекуваните користи, а истражувачите од Универзитетот во Беркли, Калифорнија, откриле дека состојбата на воздухот, по воведените мерки, всушност се влошила.

Меделин и Богота, Колумбија

Меделин, вториот град по големина во Колумбија, развиен во текот на децениските немири резултат на трговијата со дрога, уште од деведесеттите години на минатиот век настојувал да направи пресврт од автомобили кон организиран јавен транспорт за 2,5 милиони жители. Дел од акциите кои се спроведени во таа насока, било и воведувањето на ден без автомобили, кога под слоганот „исклучи го моторот, вклучи го срцето“, граѓаните се охрабруваат да се движет пеш, со велосипед или со јавен превоз.

И престолнината нa Колумбија, Богота, вовела слична пракса во 2000 година, а во 2014 година времетраењето е продолжено во „седмица без автомобили“.  Сепак, се проценува дека иHamburg во текот на овие денови, низ градот сообраќаат дури 600.000 возила.

Bogota

Шангај, Кина

Кинескиот мегалополис, Шангај, е дом на над 23 милиони луѓе. Последните децении има забележано огромен раст – како во бројот на жители, така и во бројот на автомобили.  Во 2012 година, загадувањето предизвикано од сообраќајот и индустријата било за 31 пат над дозволените вредности. Реакцијата на градските власти се состоела во строго ограничување на регистрацијата на нови автомобили на месечно ниво. Според наводите на China Daily, трошоците за регистрација достигнувале цена како за новиот автомобил, па разбирливо само богатите можеле да си го дозволат тој луксуз. Од друга страна пак, со огле дека ова правило не важело за возилата на војската, улиците биле преплавени со лажни воени таблици. Разбирливо, целта исто така не била ни од далеку постигната.

Хамбург, Германија

Придонесот на Германија, татковината на светската автоиндустрија, во сузбивање на загдувањето на воздухот од сообраќајот е огромен. Притоа, Хамбург планита до 2034 година да ги забрани сите автомобили и во урбаното јагро да креира “зелени мрежи“.  Освен тоа, планирана е изградба на одржлива урбанистичка мрежа, со која ќе се поврзат парковите, игралиштата и други површини под зеленило. На овој начин, уделот на зелените површини во вкупната површина на градот  ќе изнесува 40%.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top