Насловна / Вести / Пет градови чија изградба била политички мотивирана

Пет градови чија изградба била политички мотивирана

Во актуелниов период, сведоци сме на заканата Каиро да ја изгуби 1046-годишната доминација на главен град на земјата, откако египетската влада најави изградба на поптолно нов главен град источно од постоечкиот, засега именуван „Ново Каиро“. За концептот, мегаломанијата и раскошот на оваа нова метропола за пет милиони жители веќе пишувавме на нашиов портал. Овој напис се осврнува на оваа идеја за иградба на поптолно нов град – главен град, што воопшто не е новост и има своја историја. Во продолжение ви претставуваме пет такви примери.

Канбера, Австралија

Како решение за ривалството помеѓу Сиднеј и Мелбурн, скромната Канбера е формирана во 1913 година како главен град на Австралија, новата членка на Британскиот Комонвелт. Градот е проектиран од брачниот пар архитекти Walter Burley и Marion Mahony Griffin, кои своите геометриски облици совршено ги вклопиле во топографијата на локацијата, оставајќи простор за изобилство од паркови и вегетација.

kanbera-plan kanbera

 

 Бразилија, Бразил

Модернистичката утопија на Бразил е, веројатно, најпознатиот пример на планска изградба на цел еден град во светски размери. Од своето основање во 1960 година до денес градот има 2,5 милиони жители. Идејата за изградба на нов главен град во внатрешноста на земјата, потекнува уште од времето на Империјата во Бразил во 1827 година, со намера подобро да се обединат и најзатворените региони во земјата, на начин на кој Рио како крајбрежна метропола не бил во состојба да се избори. Се работи за прекрасен град проектиран во стил на модерната, а зад авторството стојат познатите Lucio Costa и Oscar Niemeyer.

brazilija brazilija1

 

 Кандигар, Индија

Мастер планот за овој град е подготвен од легендарниот Ле Корбизје, со цел да биде главен град на Пeнџаб откако претходниот главен град Лахор во 1947 станува дел од Пакистан. Ле Корбизје ја користи својата скулптура „Отворена рака“ за да му вдахне на градот дух на мир и помирување. Денес тој е модерен град и еден од најбогатите градови во Индија.

kandigar2 kandigar1 kandigar

 

 Исламабад, Пакистан

Формиран во 1947 година, главниот град на Пакистан е исто така изграден со намера да се избалансира нееднаквиот развој на регионите во земјата. Основната идеја била да се проектира и изгради врз научни принципи и да биде реплициран како модел. Денес брои 2,2 милиони жители.

islamabad1 islamabad islamabad2

 

Астана, Казахстан

Формиран како руска населба уште во 1830 година, главниот град на Казахстан бил преселен на денешната локација во 1997 година каде се изградени целосно нови владини и други објекти на површина од 80 милји квадратни со население од околу 340.000. Градот има шопинг центар проектиран од  Norman Foster, но за жал и многу кич од локални автори.

astana1 astana astana2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top