По извршната наредба од декември 2025 година, со која се дава приоритет на „американската вселенска супериорност“, американската вселенска агенција NASA, го унапредува нуклеарниот погон, при што централен дел на оваа нова ера е леталото Space Reactor-1 (SR-1) Freedom.
Планираното лансирање на леталото SR-1 Freedom, е најавено за декември 2028 година и тоа ќе биде прва меѓупланетарно вселенско летало покренувано со нуклеарен реактор по принципот на фисија. Целта е конечно да се оствари долгогодишниот план за вселенски патувања на нуклеарен погон со лансирање на ракета на Марс. Доколку мисијата биде успешна, тоа би отворило пат за воспоставување на постојана база со нуклеарно напојување на јужниот пол на Месечината. Нуклеарниот термален погон останал во циклусот на развој, но не достигна оперативна примена. SR-1 Freedom има за цел да направи пресврт, односно да го прекине тој циклус со користење на постоечката технологија. И покрај 60 години истражувања и 20 милијарди долари потрошени на разни неуспешни или прекинати програми, оваа мисија тежи кон успех таму каде што нејзините претходници како краткотрајниот SNAP-10A, пропаднале.

Со цел да го достигне рокот за лансирање во 2028 година, NASA намерно го ограничува опсегот на леталото, комбинирајќи еден нов нуклеарен реакторски систем со проверени постоечки технологии, наместо да се обиде целосно да го промени дизајнот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија