Кога на крајот на февруари САД и Израел ја започнаа војната против Иран, се нарушија глобалните текови за снабдување со фосилни горива и други критично важни суровини, цените нагло скокнаа, а со тоа и загриженоста за енергетската безбедност на Европа. Италијанскиот министер за животна средина и енергетската безбедност најавил дека ќе биде неопходно да се реактивираат термоелектраните на јаглен доколку цената на природниот гас се искачи до 70 евра/MWh.

Во копнениот дел на Италија преостанати се две електрани на јаглен во ладна резерва. Уште две се во погон на Сардинија, но слабо се користат, а датумот на нивно затворање зависи од завршувањето на инсталирањето на дополнителниот подморски кабел за врска со националната мрежа. Јагленот минатата година имал удел од само 1,1% во домашното производство на струја.
Бројни преостанати електрани на јаглен во ЕУ и пошироко се активни само спорадично – за покривање на зимските пикови во потрошувачката или замо додека системите за далечинско греење кои ги покриваат не се трансформираат на почисти извори.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија