Насловна / Архитектура / Микрозаедницата како основна клетка на Мега (Мета) градот

Микрозаедницата како основна клетка на Мега (Мета) градот

Неодамна тајландскиот месечник Аrt4d.Asia објави колекција на интервјуа од водечките личности на новиот урбан живот во Кинескиот кварт на Бангкок. Сопствениците на реупотребените куќи во студија за уметност, фотографија и архитектура ги споделија различните приказни за процесот на ре-создавање на социо-културното милје во конкретни делови на оваа област.THAILAND-LIFESTYLE

Наспроти поставувањето на се повеќе ограничувања од страна на владата на Тајланд и укинувањето на повеќето од подршката за креативните индустрии, Банкок на микро размер, бележи постепено создавање на иницијативи и инсталации од граѓанска партиципативност, скромно враќање кон автентичните карактеристики на микрозаедницата.25851424

McGrat и Pickett (2013) во своето дело Еластичност во екологијата и урбан дизајн опишуваат вгнездена мозаична рамка како мета-град пристап кон дизајнирањето/моделирањето на градовите. Тие ни го претставуваат терминот мета не само во смисла на големина и надменост, односно како термин кој објаснува просторно екстензивни „системи на системите“.4_soi-nana-craftjumble-trail_1

Читањето на хетерогеноста на градскиот пејсаж започнува од истражувањето на просторите на урбаниот микро размер. Особено значајно во овој случај станува препознавањето и дисекцирањето на сокачињата, патеките, процепите помеѓу соседите, кровните конструкции, екстензиите на основниот волумен,  оградите, тротоарите, местата за седнување, за продавање на пијалоци, храна, весници… Физичките карактеристики на сценографијата и начинот на којшто луѓето ги градат искуствата во однос на градските елементи во микроразмерот се подлогата за разбирање на функционалноста на микрозаедницата.crowds

Просторите од помал размер на којшто се протега агломерацијата на микрозаедницата претставуваат богат социјален, физички и економски палимпсест. Организацијата на луѓето во помали заедници, мини клетки на градот којшто носат свој економски, социјален и физички идентитет ја чини разновидноста на еден град, наспроти порамнувањето кое го создаваат изградбата на трговските центри, објектите со глобален карактер, позајмените историски стилови, референци.Istoriska fotografija

Историска фотографија

Токму заканата на изградбата на глобална архитектура која би го „олеснила“

историски богатиот контекст на Кинескиот кварт во Бангкок ни го поставува основното прашање за како да се постави урбаниот дизајнер во однос на неизбежната урбанизација и како да се предложат објекти/проекти кои повторно би биле во процес со постоечката и идната состојба и контекст?maketa Chinatown

Макета на Чајнатаун

„Кинескиот кварт е подготвен да се промени без да се промени“ – изјавија медиумите опишувајќи ги новите случувања во сои Нана. Контекстот исткаен од деконструирани временски хроники и кинески фолклор се чини дека ја претчувствува потребата да вгради автентични иницијативи во периодот на урбанизација којшто следува по проширувањето на метро линијата. Години претходно фамилијарно водените бизниси сместени во објекти со препознатлив архитектонски стил се спротивставувале на изградбата на кондомиуми, висококатнции и трговски центри.mapiranje na soi nana

Мапирање со сои Нана

Преродбата којашто се случува со реупотребата на објекти во галерии, студија, културни центри, спортски центри, кина не е едноставно ентериерно уредување на внатрешноста на објектите туку ги поставува самите објекти во процес со околината. Диверзитетот на активности, целни групи и односот помеѓу постоечкото и новото создава микрозаедници со свој сопствен идентитет коишто истовремено не го нарушуваат миксот од кинески фолклор и временски деконструираната хронологија. Областа којашто со години била позната по купувањето на злато и широката понуда на разни видови на пијалоци и храна добива ново кураторство кое вметнува поп ап маркети, работилници, инсталации, забави, спортски активности..

Со различен пристап и акцент инцијативите ги препознаваат и вреднуваат некои од основните карактеристики на микрозаедницата. Пешачката мрежа, диверзитетот од елементи и искуства како и консеквентното градење на идентитет се основните постулати коишто ја чинат еколошката и социјалната особеност на една микрозаедница.Noli map koristenje na privaten javen prostor

Користење на приватен-јавен простор

Плеада од фрагменти во микроразмерот ни го доближуваат идентитетот на микрозаедницата на Кинескиот кварт: уличните продавачи на амулети со Буда и нивното позиционирање во населбата, локацијата на продавачите на храна и пијалоци, особено на специфичните видови, комуникацијата и пристапите до рестораните вметнати во објекитите за домување, јавните паркинг простори во приватните дворови, тераси за користење и изнајмување во индивидуалните куќи… , – сите тие како сценарија се мали тактики на однесување, користење и влијание во урбаниот простор. Набљудувањето и земањето во предвид на фрагментите од микроразмерот останува да биде првиот чекор кон бележењето на просторните квалитети кои треба да се санираат во бранот на урбанизацијата.

Бангкок е град со значителен недостиг на искуство на пешачка пристапност и можност за движење од една до друга точка. Пешачкото транзиторно искуство е заменето со постојано користење на автомобил, надземен воз, метро или автобус. Квалитетот на еден град ја чинат разновидноста и симбиозата од активности во одредена композиција којашто истовремено треба да содржи лесно пристапни патеки до нив. Кинескиот кварт го сочинува специфична структура којашто има „цврсти“ улични фронтови кои во позадината се раствораат во пешачки патеки. Лавиринтот од пристапи коишто се отвораат како невидливи тунели водат до влезовите на објектите за домување, криејќи ги од дневно-ноќните фронтови со неонски знаци посветени на разновидни бизниси.

Цитоплазмата на Кинескиот кварт ја чинат всушност овие внатрешни патеки, тие кријат објекти коишто се вистинско културно наследство, специфични продавници на чај и пијалоци, медицина- простор кадешто постои бескраен простор за дизајн предлози коишто би го вреднувале пешачкото искуство. Биодиверзитетот на микрозаедницата го сочинуваат токму различни просторни елементи и искуства во пешачка пристапност.

„Миграциониот остров“ – Кинескиот кварт на Бангкок се наоѓа во рамките на Ратакосин градскиот остров, дел од целата композиција на стариот дел на градот (Комплексот од кралски објекти, храмови, палата). Денеска се соочува како почетна-продолжителна станица на градското метро која ќе „посегне“ и ќе предизвика урбанизација во внатрешноста на историски и културниот вреден дел на градот.

Микрохабитатите во неговите рамки дефинитивно се соочуваат со редица на промени, со минимални интервенции кои се обидуваат да ги проследат вредностите на заедницата создадена во временски и просторен процес. Како редок скапоцен простор на автентичниот урбанизам, останува во дискусија потенцијалната еластичност на цитоплазамата на микрозаедниците во однос на она што следи.

Историската не-консеквентност на градење и планирање на Бангкок е значаен аргумент за потребата да се зачуваат микрозаедниците на Кинескиот кварт. Додека фамилиите се во прашалник за нивната иднина, релокација или потенцијално паралелно живеење во идната нова сценографија, секојдневното функционирање во заедница на просторот со новите уметнички простори остануваат единствените барикади пред развитокот на глобалната архитектура и безмислосната урбанизација.

Испрати коментар

Scroll To Top