Насловна / Арт и дизајн / Кога магионичарот Микеланџело му ги открива на Роден тајните на скулптуратa – нова поставка во Лувр

Кога магионичарот Микеланџело му ги открива на Роден тајните на скулптуратa – нова поставка во Лувр

Изложбата „Тела кои живеат“ во Лувр содржи повеќе од 200 скулпторски дела од Микеланџело и Роден – во мермер, бронза, гипс, теракота и излиени, како од колекцијата на музејот, така и од многу други светски.

Двајцата уметници го направиле човечкото тело централна тема на своите уметнички дела, го гледале го како оживување на интензивен внатрешен живот.

И покрај четирите века што ги разделуваат, постои дијалог меѓу двајцата мајстори на западното вајарство.

Нивните дела, кои ја симболизираат силата на телото и длабочината на душата, сега првпат се постставени едни покрај други.

„Роден првпат го открил Микеланџело во Школата за убави уметности преку модели од гипс, а потоа во 1876 година патувал во Фиренца, каде што доживеал еден вид откровение. Си рекол дека Микеланџело, како голем магионичар, му открил некои од неговите тајни на вајарството“, вели кустосот Марк Борман.

Поставката е поделена на пет дела: Двајцата легендарни уметници, Природа и античка уметност, Повторно откривање на моделот, Нин Финито, Тела и души и Енергија и живот.

Фокусот е на прашањата за формата и концептот што ја предизвикале истата амбиција кај Микеланџело и Роден – јасно да ја претстават внатрешната енергија на човечкото тело.

На овој начин, телото е претставено како мембрана што ја открива душата, живо нешто што го издржува тестот на времето и движењата. Се истражува и користењето на движењата во скулптурата низ историјата.

„Петте дела на изложбата го покажуваат не само влијанието на Микеланџело врз Роден, туку и како двајцата уметници имале заеднички концепти, идеи и пристапи кон скулптурата, што овде може паралелно да се види, тоа е она што нас нè интересираше“, додаде Борман.

Можат да се видат и Адам, Бронзеното доба, Мислителот, Медитација на Роден, покрај делата на Микеланџело Роб кој умира и Христос на крст.

„За двајцата уметници во фокусот било претставувањето на тела кои живеат – машко и женско, честопати прикажани голи или облечени. Телото ги интересира, не само како една школка од месо, туку затоа што во него постои внатрешен живот што се оддржува“, објаснува кустоската Клое Арио.

Изложбата насочува вниманието кон врските, позајмувањата и повторните толкувања што можат да се најдат во делата на двајцата уметници и ги анализира митовите што ги опкружуваат Микеланџело и Роден, нуди нов поглед на скулптурата, не како создавање на една форма, туку како лабораторија за откривање на нови уметнички простори.

Изложбата во Лувр може да се види до крајот на јули.

Испрати коментар

Scroll To Top