Насловна / Вести / Истражување на Gallup: Граѓаните на САД преферираат да живеат покрај нуклеарки отколку покрај дата центри

Истражување на Gallup: Граѓаните на САД преферираат да живеат покрај нуклеарки отколку покрај дата центри

Новото истражување на Gallup покажува дека дури 71% од граѓаните на САД се противат на изградбата на AI дата центри во своите локални заедници, главно поради големата потрошувачка на енергија и вода, како и поради негативното влијание врз животната средина. Интересно е дека тие изразуваат поголема загриженост за дата центрите отколку за нуклеарните електрани, додека компаниите како OpenAI, Microsoft и Amazon забрзано градат големи AI комплекси ширум САД. Посебна загриженост покажуваат примерите како оној на Невада, каде дел од населението ќе остане без досегашниот снабдувач со електрична енергија, со цел енергијата да се пренасочи за потребите на дата центрите.

Во споредба со високите 71% изјаснети против изградбата на AI дата центри, 53% од испитаниците биле против изградба на нуклеарна електрана во нивна близина. Над една третина од жителите на САД живеат на помалку од 80 километри оддалеченост од нуклеарна електрана. Само 7% од луѓето изјавиле дека ја поддржуваат изградбата на дата центри во нивна близина. Тие испитаници, заедно со 20% кои биле „донекаде за“, сметата дека ваквите центри би донеле бенефит за економијата преку отворање на нови работни места и зголемување на даночните приходи. Мнозинството од главните демографски групи и политички партии се изјасниле против изградбата на дата центи во местото во кое живеат. Жените и демократите почесто од републиканците биле изразено против тоа.

AI дата центрите се специјализирани објекти со високи перформанси. Посебно се проектирани за масовно тренирање на моделите на вештачката интелигенција. Пред ерата на AI, дата центрите заземале околу 9.300 квадратни метри и главно се користени за интернет работење и клауд. Но, огромните енергетски потреби на новите технологии поттикнуваат создавање на нови мега комплекси кои покриваат милиони квадратни метри и стотици хектари површина. Тие центри можат да имаат енергетски потреби еднакви на потребите на стотици илјади домаќинства, поради напојување со енергија, ладење и сл. Изградбата на дата центри во САД, најмасовно се одвива во Тексас, Вирџинија и Џорџија. Големите дата центри можат да потрошат неверојатни 20 милиони литри вода дневно. Тоа е екивалент ан потрошувачката на место со 10.000 до 50.000 жители.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top