Насловна / Вести / Иницијативата „Борба за Влае“ бара укинување на ДУП СЗ19 и негово враќање на ревизија

Иницијативата „Борба за Влае“ бара укинување на ДУП СЗ19 и негово враќање на ревизија

Во целост ја пренесуваме информацијата на Иницијативата „Борба за Влае“ и поканата на презентација на штетниот ДУП за Градска четврт СЗ19 во петок во 14 часот во УЗ Влае 2.

Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот на живот, на сметка на згради и паркиралишта, односно објекти кои се во служба на нечии комерцијални интереси.

cz1

Организирани преку инцијативата „Борба за Влае“, граѓаните повикуваат на реакција преку законското право на поднесување забелешки на ДУП-от преку анкетен лист кој треба да се пополни и достави до општината, најдоцна до 25 март. Во меѓувреме, овој петок, на 11-ти март во 14 часот, во просториите на УЗ Влае 2 ќе се одржи јавна презентација на планот каде граѓаните ќе можат да видат какви последици би имал планот врз нивната околина и да реагираат против неговото донесување.

cz4

„Овој простор покрај Вардар е ретко место каде може да се одмориме од секојдневието и автомобилите. Бараме објектот за спорт да се избрише и да останат отворени терени, повторно за спорт, но од отворен тип, како и да се образложи потребата од објектот за здравствена и социјална заштита на местото на тревникот. Бидејќи сметаме дека на Влае не му фали повеќе бетон ни згради на местото на зеленилото сакаме да го спречиме овој ДУП од донесување“ велат од иницијативата.

cz2

Општината не смее да донесува одлуки без да ги консултира жителите на Влае, особено онакви одлуки кои ќе имаат долгорочни последици врз квалитетот на живот и на идните генерации. Од иницијативата велат дека сега е времето да се реагира, пред да се услови овој штетен ДУП и ги повикуваат сите граѓани на активно учество во креирањето на нивната непосредна средина.

cz3

Испрати коментар

Scroll To Top