Насловна / Вести / Градови со најголем ризик од балон на пазарот на недвижности

Градови со најголем ризик од балон на пазарот на недвижности

Балони на пазарот на  недвижностите се итар феномен.

Како што расте пазарот, а и цените одат нагоре, се поставува прашањето дали пазарот е преценет и преплавен со шпекулации или едноставно има голема побарувачка.

Се разбира, кога балонот ќе пукне, сè оди наназад.

Едно од вообичаените „црвени знаменца“ е кога цените се одвојуваат од локалниот приход и киријата. Исто така, нерамнотежата во реалната економија, како што се прекумерната градежна активност и кредитирањето, може да сигнализираат балон во создавање.

Visual Capitalist објави мапа, врз основа на податоците од UBS Real Estate Index, кој испитува 25 глобални градови, оценувајќи ги врз основа на нивниот ризик од балон на пазарот недвижности.

Пренадуени пазари

Во изданието за 2022 година на Real Estate Bubble Indexa, девет од опфатените градови се класифицирани со екстремен ризик од балон (1,5 или повисок резултат).

1 2 3

Најголемиот канадски град е на врвот на листата на која ниту еден град не сака да заврши. Цените на домовите во Торонто постојано се зголемуваат веќе со години, а многумина, вклучително и UBS, веруваат дека во моментов градот е цврсто на „територија на балон“.

Ванкувер истот така е во слична позиција. И двата канадски града имаат висок квалитет на живот и напредна технолошка индустрија.

Значајно е што ниту еден од анализираните американски градови не е во категоријата на најекстремен ризик од балон. Во САД најблиску е Мајами, кој се наоѓа на листата со опсег на ризик од 0,5-1,5, со резултат 1,39.

4_resize

Испитување на трендовите

Во последниве години, ниските каматни стапки помогнаа цените на куќите и приходите дополнително да се одвојат.

За градовите во зона на ризик од балон, цените се зголемиле во просек за 60 отсто во смисла прилагодени на инфлацијата во текот на изминатата деценија, додека кириите и реалните приходи пораснале за 12 отсто. И додека Ковид – 19 накратко ја забави побарувачката, кириите во анализираните градови растеле со приближно исто темпо како и пред пандемијата.

Како резултат на тоа, сите освен три града, забележале позитивен раст на цените во текот на изминатата година од перспектива на номинални цени.

Хонг Конг доживеал најголем едногодишен номинален пад од сите анализирани градови. Во извештајот се вели дека оваа финансиска престолнина на Азија од 2019 година „во голема мера стагнира бидејќи недостигот на достапност, економските проблеми и пандемските ограничувања земалае голем данок на побарувачката“.

Извор: Инвеститор.ме

Испрати коментар

Scroll To Top