Насловна / Вести / Германија има намера да ја постави 2045 година како рок за климатска неутралност

Германија има намера да ја постави 2045 година како рок за климатска неутралност

Германија сака да го скрати рокот за достигнување на нулта емисија на 2045 година, односно пет години порано од целта на Европската Унија. Новиот рок за климатска неутралност, најавен од страна на министерот за финансии Olaf Scholz и министерката за животна средина Svenja Schulze, владата во Берлин би можела да ги усвои веќе во текот на оваа недела.

neutrality1

Како што изјавиле Scholz и Schulze, новите цели на Германија би биле намалување на емисиите за 65% до 2030, за 85-90% до 2040, и достигнување на нулта нето емисии во 2045 година. Моменталните цели се исти како оние на ЕУ, а тоа е намалување на емисијата за 55% до 2030 година и постигнување на климатска неутралност до 2050 година. Неодамна, во Унијата е постигнат договор, климатската неутралност до 2050 година да биде правно обврзувачка. Најавата за поамбицизони климатски цели на Германија стигнува откако Сојузниот уставен суд неодамна пресуди дека законот за климатска акција има недостатоци и делумно е неуставен, па и наложи на владата до крајот на следната година да внесе детали во врска со целите за намалување на емисиите за периодот после 2030 година. Прашањето во врска со уставноста на законот го покренаа млади активисти со тврдњето дека законот го крши нивното право на хумана иднина, со тоа што не оди доволно далеку за да овозможи ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C. Во настојување на ги достигне климатските цели, германската влада се обидува да обезбеди намалување на емисиите во индустријата за челик, што вклучува и поддршка на производството на водород во челичаните. Но, за да стане производството на челик поодржливо, потребни се големи промени, а една од нив е секако замената на јагленот како енергент во печките, со водород. Инвестициите кои на земјата и се потребни само во овој сектор (кој е најголем индустриски емитер на јаглерод диоксид во земјата) до 2050 година, односно до обезбедување на климатска неутралност се проценети на 35 милијарди евра.

neutrality2

Германската влада се обидува да привлече повеќе инвестиции во проекти кои помагаат во борбата со климатските промени, со помош на нова стратегија на одржливо финансирање, која содржи 26 поединечни мерки и ускладена е со Целите на одржливиот развој на Обединетите Нации. Стретегијата треба да им помогне на инвеститорите да ги идентификуваат можностите за зелено финансирање со помош на систем за означување на одржливоста, наречен „семафор“. Владата очекува дека спроведувањето на овој план ќе ја направи Германија водечка дестинација за зелени инвестиции.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top