Насловна / Вести / Еcoter eps light weight concrete – лесен бетон

Еcoter eps light weight concrete – лесен бетон

Следејќи ги тековите на градежната индустрија дојдовме до заклучок дека во Македонија не се користи лесен бетон и доколку некаде го користат тоа е импровизација и без техничка контрола на истиот.viber image6

Затоа СИЛОТЕР како компанија која ги следи модерните текови произведе готов  EPS (лесен) бетон кој е со супериорни карактеристики и економична цена. ECOTER EPS LIGHT WEIGHT –  лесен бетон е со перформанси  машински да се имплементира и да се транспортира на висини со што ќе се реши најголемиот проблем во градежништвото, а тоа е вертикалниот транспорт.viber image5

Поради лесната имплементација и економичноста е идеален материјал за кошулици во стамбени објекти со што добиваме идеален под со супериорни карактеристики  како што се топлинската и звучната изолација, a најважно од сè намалено тежинско оптоварување на објектот.viber image

Како пример би можеле да спомнеме дека доколку имаме еден класичен објект од 1 000 m², за чијaшто дебелина на под  од 5 cm се потребни  50 m³ бетон, кој е со  волуменска тежина од околу 2 400 kg/m³, значи дека вкупната дополнителна тежина односно дополнителното оптоварување на објектот изнесува дополнителни 120 тони, со таа разлика што за истиот овој објект доколку се употреби ECOTER EPS LIGHT WEIGHT – лесен бетон дополнителното оптоварување ќе биде за само 31 тон. Одовде доаѓаме до заклучок дека вкупната дополнителна тежина односно вкупното дополнително оптоварување на објектот ни се намалува за 4 пати.

Силотер за овој производ нуди миксер-пумпи со капацитет на полнење од 0,6 m³ и капацитет на пумпање од 10 m³ на висина од 40 m. Доколку има потреба од поголема висина располагаме и со пумпна станица за дополнителни 40 m висина, со што е решен вертикалниот транспорт на материјалот.viber image4

ECOTER EPS LIGHT WEIGHT CONCRETE – лесен бетон е комбинација од ниска волуменска тежина, што ѝ дава ниска носивост на градбата и зголемена термална  изолација. Може да се употребува за различни видови на градби  каде што се бара ниска носивост или термална изолација или пак комбинација од двете.

Термичка ефикасност

- ниска термална спроводливост

- идеален за употреба под подно греење

Брзина на инсталација

- доволен е еден слој, наместо повеќе слоеви

- 1 m³ може да биде измешан, испумпан и поставен за 5 минути

Лесен за поставување

- поставувањето се врши брзо и лесно

Нема загуба на материјал

- потребната количина на материјал се утврдува според квадратурата којашто треба да се изработи и истиот се меша и нанесува на лице место

Лесен

- поради малата волуменска тежина идеален е за употреба на подни плочи, балкони и покриви

viber image2

Технички карактеристики:

Волуменска тежина r Mg/m3 MKS EN 12390-7 0.65
Kоефициент на топлинска спроводливост l W/m2 *K 0.12
Јакост на притисок fc MPa MKS EN 12390-3 1.62
Јакост на затегање при свивање fcf MPa MKS EN 12390-5 0.67

Напомена:

Порамнителните подови односно кошулици кои се изработени од EPS бетон не трпат полиуретански лепила бидејќи доаѓа до разградување на подот, исто така  под подот од EPS бетон не се препорачува  инсталација на подно греење.

academy-siloter-logo

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top