Насловна / Вести / „Дрисла 2018“ – депонија со која сите ќе треба да се гордееме

„Дрисла 2018“ – депонија со која сите ќе треба да се гордееме

004

Ако „Дрисла“ во изминатите години беше депонија само за складирање отпад од скопскиот регион, во моментов таму се работи до 2018 година таа да стане една од најчистите, најбезбедните и најекономичните депонии во регионот, во која собраниот отпад се селектира, третира, максимално искористува и само мал дел се депонира. Таа да стане депонија со која сите ќе треба да се гордееме.

Како што напишавме во минатиот број на „Порта 3“, во 2011 година се распиша повик за јавно-приватно партнерство, на кој за концесионер на депонијата „Дрисла“ беше избран италијанскиот конзорциум ФЦЛ „Амбиенте“.

P00XXXX 00 01 001 B-DRISLA-Perspective view

Што сè ќе треба да се направи „Дрисла“ да стане депонија со која ќе треба да се гордееме, како таа ќе изгледа и работи? Најнапред ќе треба да се запечати постоечкото тело на депонијата со капацитет од 2,7  милиони тони депониран отпад. Запечатувањето на телото на старата депонија ќе се изврши во согласност со европските директиви. Од запечатената депонија ќе се црпи депониски гас. Крајниот рок за оваа работа е до крајот на 2016 година.

5

Прием на неселектиран отпад

Во истиот период ќе се работи и на изградба на ново тело на депонијата, кое ќе има 14 секции со капацитет од 5 милиони тони отпад. Новото тело на депонијата ќе се гради според принципот на секции или ќелии. Максималната количина на депонираниот отпад, што ќе остане по селекцијата и третманот, ќе изнесува 29% од вкупно примениот отпад во депонијата. Изградбата на новите ќелии ќе се одвива во текот на целиот концесиски период и ќе биде во согласност со европските стандарди за максимална заштита на животната средина.4

Постројка за третирање на градежен отпад

До крајот на 2017 година треба да заврши изградбата на систем за црпење и согорување на депониски гас со капацитет од 70 бунари. Во телото на депонијата ќе се вгради систем за црпење на депонискиот гас, во најголем дел метан. Овој гас ќе се транспортира до електраната на гас за производство на 2 MW на час електрична енергија со зелена тарифа и околу 2 MW на час топлинска енергија, што ќе се користи  за затоплување на деловните простории и фабричките хали во депонијата.

Drisla 1° step 2012 MK-

Изградбата на фабрика за прочистување на отпадни води, исто така треба да заврши до крајот на 2017 година. Постројката ќе го прочистува исцедокот од старото тело на депонијата до доведување на излезната вода со параметри на води од втора категорија. Паралелно ќе се изгради систем за зафаќање на атмосферските води  околу целиот периметар на депонијата за да се спречи навлегување на водите во телото на депонијата и нивно загадување. Проектот вклучува и ремедијација на потокот од депонијата до Маркова Река и на околината.

Најскапа инвестиција во проектот ќе биде изградбата на фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво со капацитет од  250.000 тони годишно. Таа треба да чини 21,4 милиони евра. Крајниот рок за нејзина изградба е до крајот на 2017 година. Во оваа фабрика ќе се врши  третман на цврст  комунален отпад. Од  примениот отпад, ќе се селектираат  повеќе фракции кои  може да се рециклираат – пластика, стакло, метал,  хартија и дрво. Од останатиот сув отпад се создава сув РДФ – алтернативно гориво.Drisla HWS MK

Остатокот од  влажниот – биоразградлив отпад ќе се транспортира во   постројка МАТРИКС. Овој отпад дополнително се обработува. Се стабилизира, суши и повторно се создава РДФ гориво со калориска вредност од околу 4.000 калории по килограм, подготвено за согорување и производство на топлинска или електрична енергија.

Во депонијата ќе биде третиран и инертниот (градежен) отпад. Капацитетот е предвиден на 90.000 тони годишно. Крајниот рок за изградба е не подоцна од септември 2018 година. Во  постројката, градежениот отпад прво ќе се дроби, а потоа ќе се врши селекција на железо, бетон, тули  и  друг градежен  материјал. Тој ќе има повторна употребна  вредност. Дел ќе се користи  за тампонирање на слоевите на ќелиите на новата депонија, дел за изградба на патишта и слични  објекти.

2

Машина за третирање на индустриски отпад АКСИС

Постројката за третман на опасен и неопасен индустриски отпад ќе има  капацитет од 150.000 тони годишно. И таа треба да биде изградена до крајот на септември 2018 година. „Дрисла“ ќе биде првата депонија во југозападен Балкан што ќе има постројка за третман на индустриски отпад. Во оваа постројка ќе се третира: пепел од челичарници и железарници, отпад произведен од  рафинирање на масло, отпад од  третирање на отпадни води, отпад од термоцентрали и други термички постројки.

Новиот  инсенератор, постројката за третман на медицински отпад, ќе има капацитет од 1.600 тони годишно, што е повеќе од двојно од она што сега се третира во постоечката печка за спалување на медицински отпад. Во него, на  температура од 1650 степени Целзиусови, покрај медицински отпад ќе се согоруваат опасни масла и пакувања од пестициди и хербициди. Од процесот на согорување ќе се  добиваат 500 КW на час електрична и топлинска енергија. Инсенераторот треба да биде ставен во функција до крајот на годинава.1

Машина за превртување на куповите од отпад од зеленило

Новина е и постројката за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса, со капацитет од 20.000 тони годишно. Краен рок за нејзина изградба е 2018 година. Во оваа постројка отпадот од зеленило, шуми и   слична биомаса ќе се компостира, и тоа дел со аеробна а дел со анаеробна  технологија. Краен производ на процесот ќе биде природно ѓубриво,  кое ќе се користи  во комерцијални цели.

Според концесискиот  договор, во наредниот  период депонијата „Дрисла“ ќе добие нова механизација и опрема. Делот за пристап до депонијата ќе се рехабилитира, а ќе се изградат и нови  работни и административни згради. Договорот предвидува и поставување фотоволтаични   ќелии за производство на електрична енергија со зелена тарифа.3

Пакуван отпад во бали – бенефит: намалена емисија на смрдеа, заштита од животни и поголема збиеност на отпад

Конечно, ќе се направи и автоматизирана перална за комуналните возила. Нејзиниот капацитет ќе биде 8.000 возила дневно. Сите комунални возила и камиони  што ќе влезат во депонијата, задолжително ќе се мијат во новата автоматска перална. Водата што ќе се користи ќе се рециклира, така што со една иста вода ќе може да се мијат повеќе од 100 камиони.

Сè на се, до крајот на 2018 година, вкупната инвестиција во „Дрисла“ на италијанскиот конзорциум предводен од ФЦЛ „Амбиенте“ треба да изнесува 73 милиони евра.

Факти за „Дрисла 2018“:

– Запечатување на постоечкото тело на депонијата

капацитет: 2,7  милиони тони депониран отпад

вредност: 14.900.000 евра

– Изградба на ново  тело на депонијата

капацитет: 14 секции со 5 милиони тони отпад

вредност: 12.000.000 евра

– Изградба на систем за црпење и согорување на депониски гас

капацитет: 70 бунари

вредност: 1.500.000 евра

– Изградба на фабрика за прочистување на отпадни води

вредност: 2.650.000 евра

– Фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво

капацитет: 250.000 тони годишно

вредност: 21.400.000 евра

– Постројка за третман на инертен (градежен) отпад

капацитет: 90.000 тони годишно

вредност: 1.800.000 евра

– Постројка за третман на опасен и неопасен индустриски отпад

капацитет: 150.000 тони годишно

вредност: 7.900.000 евра

– Постројка за третман на медицински отпад

капацитет: 1.600 тони годишно

вредност: 3.000.000 евра

– Автоматизирана перална за комунални возила

капацитет: 800 возила дневно

вредност: 200.000 евра

– Постројка за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса

капацитет: 20.000 тони годишно

вредност: 1.000.000 евра

– Механизација, опрема и нови работни и административни згради

вредност: околу 6.500.000 евра

Испрати коментар

Scroll To Top