Насловна / Вести / Дали градовите треба да имаат бесплатен јавен превоз?

Дали градовите треба да имаат бесплатен јавен превоз?

Со оглед на фактот дека 70 отсто од светската емисија на јаглерод диоксид доаѓа од градовите, а со самото тоа и загадувањето кое го создаваат автомобилите, промените во овој сегмент на функционирање на урбаните целини, би можеле да придонесат за зачувување на планетата.

Алармите во нашата земја се запалени, бидејќи неретко имаме рекорден степен на загадување и јавноста со причина е загрижена. Се поставува прашањето, што може секој од нас да направи? Покрај тоа што можеме да се грееме на еколошки начин, на пример да се воведе греење на гас и одлуките како онаа поретко да се користат автомобили, можат да дадат резултати.

Имајќи во предвид дека зголемувањето на бројот на возила ја зголемува загаденоста, идеално решение би било граѓаните во што повеќе да користат јавен превоз. Градовите ширум светот на мобилноста гледаат како дел на решението, а особено се обрнува внимание на прашањето дали е решението воведување бесплатен јавен превоз.

Daimler Buses auf der Messe „Busworld Europe“ in BrüsselDaimler Buses at the "Busworld Europe" show in Brussels

Во моментов околу 100 градови шрирум светот нудат бесплатен јавен превоз и поголем дел од тие градови се во Европа. Постојат многу причини зошто јавниот превоз треба доплнително да се поттикнува.

Студиите покажуваат дека за секое евро кое се инвестира во јавниот превоз, се остварува поврат околу четири евра. Од друга страна за луѓето е побезбедно да патуваат со јавен превоз, на тој начин би се намалил и бројот на несреќи за 90 отсто. Во однос на заштитата на животната средина би се елиминирала употреба на 156 милијарди литри бензин годишно и 37 милиони тони јаглерод, исто така на годишно ниво. Со оглед на тоа дека во автобусите се возат многу поголем број луѓе во однос на многубројните возила со еден патник, вкупната емисија на јаглерод диоксид значително би се намалила, па ова во голема мерка ќе влијае на одржливоста и јавното здравје.

Најдобар показател се конкретните примери, градовите кои вовеле бесплатен јавен превоз.

париз_resize

Метро, Париз

Примери во Европа

Франција стана жариште на иницијативата за бесплатен јавен превоз. Со оглед на тоа дека земјата се обврза дека до 2040. година во потполност ќе забрани продажба на автомобили со бензин и дизел мотори, големо влнимание насочила на реформата на јавниот превоз. Денес, дури 23 француски градови нудат бесплатен јавен превоз. Во Денкерк 257.000 жители бесплатно користат автобуси, па така користењето на овој вид превоз пораснало за 60 отсто во работните денови, а за викендите за 100 отсто. Дури 48 отсто од корисниците велат дека своите автомобили воглавном ги оставаат дома, додека 5 отсто и ги продале своите возила. Од минатиот септември во Париз користењето на метро и автобусите е бесплатно за лица помлади од 11 години, вклучувајќи ги и нерезидентите, како и лица со инвалидитет помлади од 20 години. Покрај тоа средношколците на возраст помеѓу 14 и 18 години имаат 50 отсто попуст на каратата, како и бесплатно користење на велосипедката мрежа.

est_resize

Естонија е прва земја во ЕУ со бесплатен јавен превоз

Во Талин е укинато плаќањето за возење со автобуси и трамваи уште во 2013. година, а во 2018 година јавниот превоз станал бесплатен во цела Естонија и е прва земја во ЕУ која ова го направила.

Лусембург, кој во моментов е прв во Европа по број на автомобили по глава на жител, што има значително влијание врз загадувањето на воздухот, својот систем на јавен превоз ќе го направи целосно бесплатен од први март. Преоѓањето на бесплатен превоз се одвива фазно, прво за помладите од 20 години е бесплатно, додека останатите имаат попусти.

лукс_resize

Од први март во Луксембург возете се бесплатно

Од другата страна на океанот

Од другата страна на океанот и градовите на Соединетите Американски Држави, исто така почнуваат да усвојуваат слични мерки во организација на јавниот транспорт. Канзас Сити минатата година најавил дека својот автобуски систем на превоз ќе го направи бесплатен, издвојувајќи 8 милиони долари, кои ќе ги насочи за подршката на иницијативите за решавање на проблемите на нееднаквоста и за борба против климатската криза.

Во Масачусетс многу градови го разгледуваат и воведуваат бесплатниот систем. Градот Лоренс, кој има 80.000 жители, во септември започнал двегодишен пилот проект за укинување на автобуските тарифи, со што веќе се зголеми употребата на овој транспортен систем за 24 отсто.

Исто така и Бостон ја испитува изводливост на овој систем. Сепак, Brian Kane, кој ги надгледува трошоците на јавниот превоз, истакнува дека не постои ништо што е бесплатно и дека секоја активност или услуга некој мора да ја плати. Бостон има најдобро платени возачи во САД и Kane вели дека тие сигурно нема да работат бесплатно, како и многубројните механичари. Тој тврди дека бесплатниот јавен превоз условно би значел губење на 109 милиони долари. Сепак, заговорниците на воведување бесплатен јавен превоз, тврдат дека овој систем би чинел 36 милиони долари и дека ќе биде надокнаден со зголемување на градскиот данок за гориво за два отсто, пишува ArchDaily.

канзас_resize

Возењето со трамвај во Канзас Сити е бесплатно

Ништо без функционален јавен превоз

Секако дека реформата на јавниот превоз на глобално ниво би можела да има значително влијание на екологијата и зачувувањето на планетата. За да може ова да успее, оние кои се вклучени во обликување на системите на градскиот превоз, било да се сообраќајци, урбанисти, архитекти или политичари, мораат да бидат спремни да се похрабри и визионерски орјентирани кон изградбата на инфраструктурата.

Затоа, неопходно е да се обезбеди квалитетен јавен превоз, со цел граѓаните полесно да се одлучат своите автомобили да ги остават дома и на работа да отидат со автобус, трамвај или за нас недостижното метро.

Испрати коментар

Scroll To Top