Насловна / Вести / Антикорозивен премаз кој сам ги поправа оштетувањата и може да се рециклира

Антикорозивен премаз кој сам ги поправа оштетувањата и може да се рециклира

Нови материјали и премази отпорни на корозија се неопходни бидејќи тоа влијае на сè што човекот прави и гради. Затоа е направен премаз кој ги штити возилата и градбите од корозија, укажува на пукнатини кога ќе се појават, сам ги поправа оштетувањата и може да се рециклира. Овој полимерен премаз е развиен од инженери од ETH Цирих и е наречен Поли (фенилен метилен) или скратено PPM.

Се нанесува со прскање на површината, по што се стврднува и станува цврст премаз.

pp

За време на тестирањето на премазот, истражувачите предизвикаа забрзано стареење на алуминиумската легура изложувајќи ја на солен раствор. Тестирале примероци со и без PPM и откриле дека примероците обложени со слоеви PPM со дебелина 30 и 50 микрометри не кородираат значително за разлика од примероците без премаз.

Уште една одлична карактеристика на овој премаз е неговата способност за самолекување. Имено, истражувачите го изгребале премазот од алуминиумот и го изложиле на солен раствор, а гребаниците набрзо исчезнале. Научниците објаснуваат дека растворот реагира со алуминиум, па површината се загрева и благо го топи полимерот и тој ги пополнува гребаниците. Кога ќе исчезнат, и реакцијата помеѓу металот и растворот престанува, па по ладењето премазот повторно се стврднува.

PPM е флуоресцентен под УВ светлина, освен на местата каде е оштетен. На овој начин може лесно да се утврди каде има пукнатини кои треба да се санираат, а кои инаку тешко би се забележале.

pp1

Walter Caseri, Marco D’Elia, Markus Niederberger работат на РРМ

Слични полимери по употреба се одлагаат на депонија или палат, но PPM може да се рециклира и повторно да се користи, што е уште една од неговите предности. Експериментите покажале дека само пет отсто од материјалот се губи со рециклирање. Интересно е и тоа што неговите перформанси не се промениле дури и по пет циклуси на повторна употреба.

Авторите го пријавиле PPM за патентирање и продолжуваат со истражувањата за дополнително подобрување на неговите способности.

Истражувањето е објавено во списанието Polymers.

 

Испрати коментар

Scroll To Top