Насловна / Архитектура / Еволуција на кулите за панорамско набљудување

Еволуција на кулите за панорамско набљудување

Првата типологија на кула за набљудување на панорамата на градот беше родена во 1889 година, кога Густав Ајфел ја проектираше Ајфеловата кула во Париз како дел од Светскиот саем одржан истата година. Успехот на таа структура до денешен ден се докажува – Ајфеловата кула е една од најпосетените знаменитости во светот. Воедно, преку неа се илустрира моќта на скромното набљудување од кулата кон трансформирањето на економската судбина на градот и истовремено претставува светски архитектонски идентитет.

слика-1

Како инспирација од Париз, голем број градови низ светот се обидуваат да го следат неговиот пример со поставување на разновидни кули за набљудување кои се и еден вид урбани места. Град по град го следеа примерот, очајни да се сместат во рамките на градови кои имаат прилив од туристи поради ваквиот тип на атракции кои се совршена социо-економска комбинација.

Меѓутоа, со зголемувањето на бројот на вакви стратегии, преостанува да си го поставиме прашањето за уникатност: како може еден град да развие соодветна кула за набљудување на хоризонтот и да понуди нешто поинакво за туристите, a да отстапи од сликата на сличните структури низ светот?

слика-2

Tricentennial Tower, US Thrill Rides

слика-3

Една од последните изградени кули е во Њу Орлеанс, кулата Tricentennial Tower од страна на US Thrill Rides. Тие предложија неконвенцијален хибрид на 97 метри високата кула со спирална гондола која ротира околу јадрото на кулата. Меѓутоа, ова не е единствениот град во Америка кој е во потрага по совршениот тип на ваква структура. Архитектонското студио BIG во 2012 година ја предложи т.н. Phoenix Observation Tower, во чиј склоп се наоѓа обемна програма како што се ресторани, кафетерија и изложбен салон.

слика-4

Phoenix Observation Tower, BIG Architects

слика-5

Потоа следат низа необични дизајни, како што е проектот ArcelorMittal Orbit на Anish Kapoor подигнат за време на Олимписките игри во 2012 година која се карактеризира со хаотични кривини и црвена боја на самата структура.

слика-6

ArcelorMittal Orbit, Anish Kapoor 

слика-7

Покрај огромниот број примери до сега, не постои сомнеж дека во иднина ќе следат голем број на други експериментирања со кои луѓето ќе заработуваат многу пари врз основа на набљудувањето на панорамата на градот.

слика-8

Испрати коментар

Scroll To Top