Насловна / Вести / Англија на патот кон „нето нула јаглеродно подготвени“ згради

Англија на патот кон „нето нула јаглеродно подготвени“ згради

Во вторник 24.03.2026 година, британското Министерство за домување, заедници и локална власт го објави „Одобрениот документ Л (2026)“ кој е само едно поглавие од Градежните прописи од 2010 година (со вкупно над 1500 страници) и важност само во Англија, а преку кој се отвори патот кон „нето нула јагленородно подготвени“ згради во земјата. За разлика од претходните верзии на овие прописи коишто се фокусираа на „заштедата на гориво и струја во зградите“ со последната се менуваат официјалните определби и насоки кон „енергијата и емисиите на стакленичките гасови“. Новите прописи стапуваат на сила на 24.03.2027 година за новите објекти коишто не се од висок ризик, а на 24.09.2027 за новите објекти коишто се од висок ризик. Според англиските градежни прописи како објекти со висок ризик се сметаат оние со висина од најмалку 18 метри или најмалку седум нивоа од нивото на теренот и коишто содржат најмалку две станбени единици.

Овие нови прописи произлегуваат од правните обврски превземени од страна на Обединетото Кралство во јуни 2019 година, а според кои до 2050 година треба да се достигне поставената цел за нето нула емисии на стакленички гасови. Во моментив се проценува дека 25 проценти од емисиите на стакленички гасови во земјата доаѓаат од изградената средина.

Дополнително, истражувањата на Светскиот совет за зелени објекти укажуваат дека 39 проценти од емисиите на стакленичките гасови произлегваат од зградите, 28 проценти од нивните оперативни емисии (на пр., енергија за греење, ладење и осветлување), додека преостанатите 11 проценти од (градежните) материјали и изградбата на објекетите. Како резултат на ваквите состојби, и покрај постигнатиот напредок во изминатите години, значителни напори ќе бидат потребни и новите и постојните објекти во земјата да се усогласат со националната стратегија за нето нула до 2050 година. Според оваа стратегија сообраќаајот и греењето наполно треба да се електрифицираат, додека снабдувањето со енергија треба да се ослободи од фосилните горива. Од тука новите градежни прописи се со цел да се поддржат овие определбите за трансформација.

Како и во изминатите изданија и ова на „Одобрениот документ Л (2026)“ се состои од два тома: „Том 1“ за станбени единици и „Том 2“ за други објекти коишто не се наменети за домување (нестамбени). За разлика од претходните изданија овојпат има само по еден том за секој вид на објекти за разлика од минатото кога имаше по два тома, еден за новите, а друг за постојните објекти. Овојпат барањата поврзани со постојните објекти се вклучени во рамките на секој том. Во однос на историските објекти новите прописи се повикуваат на препораките за „Енергетска ефикасност и историските објекти“ од Историска Англија, националниот завод за заштита на културното наследство.

Дадениот рок за запознавање и прилагодување на градежната индустрија на новите прописи е 12 месеци за објектите коишто не се од висок ризик и 18 месеци за објектите од висок ризик. Според англиските прописи по барањата за градежна дозвола за објекти коишто не се од висок ризик одлучува или градежната инспекција во рамките на општината или пак акредитирана приватна градежна инспекција. За разлика од ова, држaвната Регулаторна комисија за безбедност на зградите решава за објектите со висок ризик. Вообичаено појдовното решение за објектите коишто не се од висок ризик се носи во период од околу пет до осум неделни, додека за објектите со висок ризик од 12 недели до девет месеци. Се разбира ова е само за појдовното решение, а за сите недоречености и промени во објектите во текот на изградбата инспекциите и регулаторот остануваат ангажирани барем до завршувањето и примопредавањето на објектите и изадавањето на Сертификатот за завршување на градежните работи.

Како клучни промени на „Одобрениот документ Л“ од 2026 година во споредба со претходниот од 2021 година (без измените и дополните во изминатиот период) можат да се сметаат и следниве:

  • Релативно стабилизирање на барањата за термичките карктеристики на обвивката на објектот. Така топлинската спроводливост на клучните елементи на обвивката скоро да не се променети во однос на претходното издание на прописите:
  • 0,26 W/(m2/K) за надворешни ѕидови,
  • 0,16 W/(m2/K) за кровови (и коси и рамни),
  • 0,18 W/(m2/K) за подови,
  • 1,60 W/(m2/K) за прозорци и надворешни врати, но 1,40 W/(m2/K) за надворешни врати кај нестанбени објекти
  • 2,20 W/(m2/K) за кровни прозорци на станбени објекти, а 1,60 W/(m2/K) за кровни прозорци и ѕид завеси кај нестанбени објекти.
  • 8,0 m3/(h.m2) при 50 Pa за пермеабилност на обвиваката.
  • Како клучна измена во прописите е барањето во новите станбени објекти да исклучи примената на фосилни горива за греење и за топла вода на истите. Очекувањата се греењето и топлата вода да бидат обезбедни преку приклучување на објектите на локални нискојагленородни топлификациони мрежи, но примарните определби се да се користат топлотни пумпи од воздух или почвата за на тој начин да се заменат постоечките котли и бојлери на гас и директното елекрично греење преку електрични радиатори, панелни електрични радиатори или пак термоакумулациони печки. При што од топлинскуите пумпи се очекува да бидат со ефикасност од најмалаку 250 проценти. Во однос на локалните нискојагленородни топлификациони мрежи веќе се работи на подготовките за изградба на длабоки топлинснки цевпки каде што цевките ќе одат и со илјадници метри и вертикално и хоризонатлано во карпите длабоко под површината на земјата, а каде може да се дојде до поголемо ниво на топлина. Слични прописи важат и за несанбените објекти.
  • Хибридни бојлери и бојлери подготвени да се прклучат на хидрогенска разводна мрежа не се прифатливи, но посточеките станбени објекти не се зафатени со прописите така да во нив постојните бојлери на гас ќе можат да се заменат со нови.
  • Со прописите е пропишана примена на децентрализиран систем за континуирана високоефикасна механичка вентилаци со електрична потрошувачка помала од 0,3 W/Ls.
  • Во прописите се воведува ново барање за задолжително локално производство на електрична енергија во рамките на објектот, а коишто во пракса ќе значи дека секој нов станбен објект ќе треба да има инсталација од соларни панели за добивање на електрична енергија, а кои ќе покриваат кровна површина од најмалу 40 проценти од подната површина на приземјето на објектот и со минимална ефикасност на фотоволтаичните панели од 0,22 kWp/m2. Прописите дозволуваат за задоволување на ова барање да се земат во предвид и инсталациите на соларни панели на ниво на терен или пак оние инсталирани над надстрешници на паркинг места, и сл.
  • Промена на акредитираните методологии и алаткти за термички пресметки.

Од примената на „Одобрениот документ Л (2026)“ се очекува да се добие 75 проценто намалување на емисиите на јагленородни гасови во споредба со „Одобрениот документ Л (2013)“ и 25 проценти во однос на „Одобрениот документ Л (2021)“, а коешто претставува не само значајно подобрување туку и голем предизвик. Инаку, официјално значење на терминот „нето нула јагленородно подготвени“ згради е дека истите нема да оддаваат емисии на стакленички гасови од самиот ден на примопредавањето на истите.

Наредните 12 до 18 месеци по објавувањето на „Одобрениот документ Л (2026)“ од една страна ќе бидат клучни за прилагодување на градежната индустрија во земјата за имплементација на новите прописи, а од што ќе зависи и нивната идна имплентација во пракса. Од друга страна овој период ќе биде исклучително тежок и комплесен земајќи предвид што се се случува во светот, вклучително со потенцијалниот пад на сегашната лабуристичка влада по големите загуби на општински советнички места на неодамнешните локални избори.

Од новите прописи веројатно најмногу ќе бидат погодени инвеститорите и домаќинствата, кои покрај континуираниот раст на цените на призводите и услугите ќе треба да се соочат и со изнаоѓање на дополнителен капитал за финансирање на новите барања што произлегуваат од новите прописи. Да се надеваме дека овие предизвици на сегашноста ќе ни донесат посветла иднина не само за нас туку, и особено, за генерациите коишто ќе следуваат.

Литература:

Испрати коментар

Scroll To Top