Насловна / Вести / Италија ќе ги реактивира термоелектраните на јаглен, кога гасот ќе достигне 70 евра за MWh

Италија ќе ги реактивира термоелектраните на јаглен, кога гасот ќе достигне 70 евра за MWh

Кога на крајот на февруари САД и Израел ја започнаа војната против Иран, се нарушија глобалните текови за снабдување  со фосилни горива и други критично важни суровини, цените нагло скокнаа, а со тоа и загриженоста за енергетската безбедност на Европа. Италијанскиот министер за животна средина и енергетската безбедност најавил дека ќе биде неопходно да се реактивираат термоелектраните на јаглен доколку цената на природниот гас се искачи до 70 евра/MWh.

Во копнениот дел на Италија преостанати се две електрани на јаглен во ладна резерва. Уште две се во погон на Сардинија, но слабо се користат, а датумот на нивно затворање зависи од завршувањето на инсталирањето на дополнителниот подморски кабел за врска со националната мрежа. Јагленот минатата година имал удел од само 1,1% во домашното производство на струја.

Бројни преостанати електрани на јаглен во ЕУ и пошироко се активни само спорадично – за покривање на зимските пикови во потрошувачката или замо додека системите за далечинско греење кои ги покриваат не се трансформираат на почисти извори.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top