Насловна / Ентериери / Зонирање на работниот простор – работни места

Зонирање на работниот простор – работни места

Кога станува збор за функционалните зони во административно-деловните објекти, интересно е да се осврнеме на класификацијата изработена од страна на истражувачкиот тим на познатата австриска фирма за дизајн и производство на канцелариски мебел, „БЕНЕ“ (BENE).nie-prostor

Според неа, она кон што цели менаџерскиот и дизајнерскиот тим на „БЕНЕ“ се сестрани места за комуникација, кооперација, концентрација и рекреација внатре во канцелариската зграда или во одреден нејзин дел. Канцелариските зони и простори треба да поседуваат капацитет да инспирираат креативност и иновативност. Канцеларијата станува од простор за работа во простор за живеење, поделен во разновидни зони и простори, слично на урбан пејзаж програмиран да ги олесни специфичните работни процеси и барања на работници кои решаваат, а кои често се менуваат.

На вработените што донесуваат одлуки, потребна им е работна средина која промовира вмрежување и размена на информации. „Класичните работни станици“ се користат за концентрирана работа, тимска работа, и менаџерски задачи. Особено важно за овие простори се просторно ефикасниот дизајн, ергономијата, поседување капацитет за индивидуална организација и високо ниво на функционалност.

Во голем број организации во глобалната економија,  работните места сè уште се приспособуваат во отворените канцеларии – оттука потребата да бидат интелигентно планирани и добро позиционирани.

bene

 Работни места, БЕНЕ

НИЕ – места

Овие простори се дизајнирани за заеднички дејности. Ваквите места треба да претставуваат интересна ентериерна средина, која ќе овозможи соработка и комуникација во различни ентериерни поставки и композиции на елементи од мебел и опрема. Овие простори вклучуваат простории за состаноци и конференции, но и приемни простории, кафетерии и салони. Тие, обично, се лоцирани во традиционалните централни зони, кои претставуваат простори за спонтана соработка, состаноци „од нога“, простори за презентации, работилници и дискусии во мали, неформални групи. Тие не само што се пристапни за сите перманентни и повремени корисници, туку исто така и за посетители и гости.2nie

Ние места, БЕНЕ

ЈАС – места

Овие зони и простори нудат можност за сосредоточена работа и приватност. Од особена важност е постоењето на ваквите места во канцелариите со отворен план, каде што дистракцијата е најголема. Овие простори вклучуваат места за мал одмор на вработените, времено вработени или посетители, тинк тенкс, библиотеки и зони за рекреација. Она што се бара од ваквите простори е звучна излоација заради сосредоточеноста на вработените, а тоа се постигнува со разни ентериерни решенија и примена на одредени елементи кои влијаат врз акустичните својства на одреден простор.

3jas

 ЈАС-места, БЕНЕ

Помошни простори

Помошните простори обично се централно лоцирани за да ја опслужат организацијата во целина, или одредени делови за кои тие можат да бидат предвидени во зависност од спецификата на работните процеси. На пример, во одредени планерски фирми просториите за копирање и печатење на големи формати, секако дека ќе се лоцираат блиску до дизајнерските оддели, додека општите намени за санитарии, гардероби, чајни кујни, ќе бидат распоредени според бројот на вработените и големината на типичната катна основа. На кратко, може да се каже дека тие се фокусираат врз обезбедување сервиси и главно се достапни за сите корисници.4-pomosni

Помошни простори, БЕНЕ

Компанијата „БЕНЕ“, во соработка со Кралскиот колеџ за уметност од Лондон (Royal College of Art, London), изработила истражувачки проект во кој се анализираат работните навики и активности на вработените што донесуваат одлуки. Резултатите укажаа на четири издиференцирани типологии: анкер, конектор, колектор и навигатор. Секоја од овие типологии се карактеризира со специфични кориснички однесувања и особини, покажувајќи разлики, пред сè, во делот на мобилноста на вработениот, неговите сфери на влијание, како во канцеларијата така и надвор од неа (BENE, 2012).jas-prostor

Анкер – вработените што му припаѓаат на типот „анкер“ преферираат фиксно работно место во канцеларијата. Тие го поминуваат речиси целото работно време на своите работни места, а одлуките што ги донесуваат кореспондираат со доделениот висок степен на комфор, а со тоа и високото ниво на автономија во работата и одлучувањето.

Конектор – вработени кои ги нарекуваат и скитници во организацијата. Затоа нивните просторни потреби се менливи и тие, главно, ги користат сите зони и делови во канцеларијата. Сепак, тие имаат свои доделени работни бироа на кои работат до 50% од работното време. Остатокот од времето се поминува во состаноци кои можат да се одвиваат речиси насекаде во организацијата. Нивна главна работна карактеристика е дека го менаџираат протокот на информации, нивното собирање и нивна дистрибуција според потребите и барањата.

Колектор – карактеристично е тоа што вработениот го поминува своето работно време надвор од канцелариската зграда. Неговите работни денови се дефинирани од средбите со своите клиенти и колеги, меѓутоа, кога е во канцеларија му треба место за концентрација исто толку колку и простори за комуникација и интеракција.

5

проф. д-р Мишко Ралев,

Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

Испрати коментар

Scroll To Top