Насловна / Вести / За пет месеци во Штип за улици инвестирани 83,8 милиони денари

За пет месеци во Штип за улици инвестирани 83,8 милиони денари

asfalt-stip

Од мај до почетокот на октомври годинава, Општина Штип инвестираше над 83,8 милиони денари или над 1,3 милиони евра. Според статистичките показатели, од асфалтирањето на првиот дел од патот до село Пухче во мај годинава, па се до засега последната асфалтирана улица „Тодор Чучков“ минатиот викенд, до сега локалната самоуправа асфалтирала 28 улици.

– Следи асфалтирање на дел од „Вардарска“ за што веќе се издвоени 4,4 милиони денари, а завршени се и тендерите за улици во селата Врсаково и Долани, а во тек е тендерската постапка за пат до село Суво Грло – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност на Општина Штип.

Во општината веќе се подготвува листата за нови улици кои ќе бидат дел од програмата за идната пролет.

 

Испрати коментар

Scroll To Top