Насловна / Вести / Во Сибир отворена првата соларна централа со руски модули

Во Сибир отворена првата соларна централа со руски модули

Solarna-Sibir-ruskimoduli

Во Мајминскиот регион во Русија, започна со работа првата соларна централа составена од хетероструктурни модули од домашно производство со висок степен на искористеност, и инсталирана моќност од 10MW.  Инвестициите во објектот извесуваат околу две милијарди рубли. Изведувач на работите е компанијата „Солнечнаја енергија“.

Solarna-Sibir-modulruski

Електраната е специфична по тоа што во нејзината изградба се користени модули кои овозможуваат солидно искористување на сончевата енергија дури и при облачно време. Се работи за нова генерација силициумски соларни елементи со ефикасност од над 22%. и широк температурен опсег на употреба.

Solarna-Sibir-Hevel

Оваа соларна централа чија изградба започнала во мај оваа година, е четврта по ред постројка на компанијата Hevel.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top