Насловна / Вести / Сведен дизајнот на ентериер за да се потенцира главниот „детаљ“: сладолед!

Сведен дизајнот на ентериер за да се потенцира главниот „детаљ“: сладолед!

Дизајнерската фирма Scott & Scott претвори магацински простор во продавница за сладолед во која доминира комбинација на бела тула и челик.prodavnica mister za sladoled vankuver_2

Овој поранешен магацин во индустриската зона на Ванкувер, кој во меѓувреме стана омилена зона на хипстерите, изграден во 1912 години, стана домаќин на необична продавница на сладолед под брендот Mister. Токму затекнатата состојба на постоечкиот објект им помогнала на дизајнерите на ентериерот да креираат простор во сведена, но не и студена, слаткарница во која акцентот е ставен на производството на сладолед.

Белата тула и металните конструкции од складот ​одлично по​служиле за обликување на ентериерскиот простор. Ваквиот дизајн е, секако, неконвенционален кога станува збор за објекти со слична намена, пишува Dezeen.prodavnica mister za sladoled vankuver_5

Дрвото во махагони боја, исто така, е зачувано од стариот простор.

Откако ги проучија различните методи за правење сладолед во Азија, сопствениците Michael Lai и Tommy Choi, примениле нов метод за подготовка на сладолед, кој се прави пред муштериите и во момент се замрзнува со користење на течен азот.prodavnica mister za sladoled vankuver_7

Овој метод на подготовка на сладолед претставува во одреден поглед и динамична декорација на самиот простор.

Челикот, од кој е изведен значителниот дел од ентериерот, е посебно третиран за да се избегне корозија, а неговата примена треба да алудира на студенило.prodavnica mister za sladoled vankuver_4

Сите ѕидови се соголени до тула, која е обоена со тенок слој на бела боја, додека поинтензивна бела боја е во просторот на вработените, па на тој начин визуелно е одделен делот за клиентите и за вработените.prodavnica mister za sladoled vankuver_9 prodavnica mister za sladoled vankuver_8 prodavnica mister za sladoled vankuver_6 prodavnica mister za sladoled vankuver_3 prodavnica mister za sladoled vankuver_1

Испрати коментар

Scroll To Top