Насловна / Ентериери / Стан кој го одразува аристократскиот дух на Париз

Стан кој го одразува аристократскиот дух на Париз

pariz

Париз е познат по своите шармантни тераси и стари градби кои го одразуваат аристократскиот дух, а каде се сместени некои од најубавите апартмани во светот. Еден од нив се наоѓа во 4. арондисман во пешачката зона. Тоа што потенцијалниот купувач го освоjува од прва, е прекрасната тераса полна со зеленило, идеална за утринско кафе, но и доволно голема за мал коктел во вечерните часови. Во 172 квадратни метри се сместени три спални соби, голема дневна соба, музичка соба и кујна.

pariz (6)

Сопствениците се одлучиле да ги задржат оригиналните камени ѕидови и сводови во музичката и дневната соба, додека предворјето (со голема стаклена врата) е современо обновено со тавански светла кои создаваат вистинска атмосфера. Спалните соби имаат базично уредување без прекумерни елементи, освен неколку парчиња од антички мебел, кои внесуваат топлина во камениот простор. Станот е во моментов понуден за продажба по цена од два милиони евра.pariz (7) pariz (5) pariz (4) pariz (3) pariz (2)

Испрати коментар

Scroll To Top