Насловна / Архитектура / Совршен бизнис: Хрватска идеја која ги освои и Белград и Виена

Совршен бизнис: Хрватска идеја која ги освои и Белград и Виена

Hrvatska iznajmuvaci na stanovi

Томислав Зовко и Игор Кордиќ од Загреб, изнајмуваат стари и запуштени станови, ги реновираат и ги претвораат во удобни апартмани за туристи. Тие веќе имаат оформен тим кој се грижи за сите детали – од изнајмување, чистење, одржување до обезбедувње 24-часовна помош на гостите. Првите апартмани ги отвориле уште во 2011 година во Загреб, а за неколку години преуредиле низа станови во Ровињ и Дубровник, па дури и неколку станови во Белград и Виена. Планираат до 2018 год. да имаат бројка од 1000 станови.

Hrvatska renoviran stan za turisti

„Се започна кога еден стар стан во центарот на Загреб го претворивме во модерно место. Набрзо потоа, овој систем „клуч на рака“ се покажа идеален за изнајмувачите на апартмани. Ние ја преземаме недвижноста, ја реновираме, се грижиме за обезбедување гости, а на сопствениците им исплаќаме фиксен нето приход“, објаснуваат Зовко и Кордиќ, и додаваат дека досега ниту еден договор не им е откажан.

Hrvatska zigzag apartmani i sobi

Благодарение на овој деловен модел, тие во 2014-та во Загреб го отвориле првиот интегрален хотел во Хрватска (ZigZag) кој е составен од неколку објекти на различни локации со заедничка рецепција. Во моментот само во Загреб управуваат со 60 станови, а уште осум се во фаза на реновирање.

 

 

Еден коментар

  1. Vo momentot vo Zagreb upravuvaat so 18 apartmani ! A ne kako sto tvrdite vo tekstot so 60 !

    Amaterski napisana statija so ogled i na ostanatite podatoci koi gi prezentirate vo tekstot !

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top