Насловна / Вести / Пронајден гробот на Аристотел!

Пронајден гробот на Аристотел!

Во северна Грција можеби е пронајден гробот на еден од најголемите грчки филозофи Аристотел, изјави еден грчки археолог, на конференција во Солун посветена на филозофот.

„Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“, рече Костас Сисманидес, пренесе грчката телевизија.аристотел

Веројатното последно почивалиште на Аристотел се наоѓа во градот каде што е роден – античка Стагира, на источната страна од полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпијада.аристотел1

Жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговиот роден град, по неговата смрт во 322 п.н.е. во јужниот град Халкида, и ја положиле во зграда во облик на потковица, вели археологот.

Сисманидес ги води ископувањата во Стагира од 1996 година.

Испрати коментар

Scroll To Top