Насловна / Архитектура / Проектот на хрватскиот Westgate Split е добитник на престижната награда The 2017-18 International Property Awards

Проектот на хрватскиот Westgate Split е добитник на престижната награда The 2017-18 International Property Awards

Во текот на изминатата година, 80 членови на експертската група, претставници на жирито на The 2017-18 International Property Awards, разгледа и оцени илјадници пријавени проекти поднесени од 115 земји од целиот свет. сплит (1)

Главната награда за најдобар проект во категоријата на висококатни деловни објекти во Европа, е доделена на хрватската компанија Westgate Tower за атрактивниот проект Westgate Split, кој ја има целосно изменето визијата на влезот во центарот на градот.
International Property Awards е престижна награда во инвестирањето во недвижнини и претставува она што е Оскар во филмската индустрија. На годишно ниво, на овој собир доаѓаат инвестициски компании, архитекти, дизајнери, консултанти и менаџери во секторот. DCIM100MEDIADJI_0027.JPG

Проектот Westgate Split се состои од два објекта, од кои првиот е деловна кула. Се состои од приземје и 12 ката, и четири подземна етажа. Втората кула, која се уште е во фаза на изградба првично била наменета како објект кој се состои од приземје и 17 ката, и шест подземни нивоа, а сега е во фаза на очекувања на дозвола за проширување на проектот со што ќе стане највисоката градба во Хрватска. Избран е и како објект, во кој својот прв хотел во Хрватска ќе го отвори групацијата Mariott Hotels. Единствениот глобален синџир на хотели што сеуште не е присутен во Хрватска, се одлучи токму за Сплит и Westgate.сплит (3)

Испрати коментар

Scroll To Top