Насловна / Вести / Проект за санација на црквата „Св Јован“ во Крушево

Проект за санација на црквата „Св Јован“ во Крушево

krusevo_sv_Jovan_1_640

Во тек е реализација на проектот за санација на површината под вредниот иконостас во црквата „Св. Јован“ во Крушево со средства обезбедени од Министерството за култура.
Во изминатиот период е забележано пропаѓање на површината под овој значаен објект од сакралната архитектура со што е загрозен вредниот иконостас кој пленува со својата грандиозност и копаничарска изведба во плитка резба. За таа цел, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп изработија проект и започнаа со санација на површината. Во рамките на активностите што се преземени досега во согласност со проектот, поставена е армирано бетонска греда со што ќе се спречи понатамошното пропаѓање, односно тонење на подлогата под иконостасот. Проектот за санација на површината под иконостасот целосно ќе биде завршен до крајот на годинава.
Црквата „Св. Јован“, или кај народот позната уште и како Влашка црква, е трикорабна базилика, изградена кон крајот на 19 век, а целосно завршена во 1904. Во црквата, во која нема живопис, доминира дрвен иконостас изработен од браќата Несторови, чија изработка траела околу четири години.

Испрати коментар

Scroll To Top