Насловна / Арт и дизајн / Претставен мурал на Никола Тесла од 16.000 триаголници

Претставен мурал на Никола Тесла од 16.000 триаголници

Nikola Tesla mural

На денот на раѓањето на на еден од најголемите српски и светски умови  во негова чест на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е претставен муралот  од 16.000 триаголници. Толку триаголници се вградени во муралот кој на прв поглед личи на збир од разнобојни триаголници. Но ако малку подобро се загледате ќе видите добро познато лице. Заслугата за овој впечатчив детал кој ќе го привлекува вниманието на патниците е на младата архитектка магистерот Нина Тадосављевиќ.

Nikola Tesla Mural BGD1

Изработката на муралот, работен со акрилни спрејови, траеше една недела, а само ликот на Никола Тесла е направен од 9.000 триаголници во 34 различни тонови. Секој триаголник има посебен тон,  за да се создаде тродимензионална слика.

Nikola Tesla Mural BGD

Муралот „Инспирација од ликот на Никола Тесла“ кој се наоѓа во јавната зона на Терминалот 2, има за цел промоција на уметноста со идеја да се обезбеди иновативен, урбан и атрактивен идентитет на аеродромот, да се истакне ликот на светскиот научник и да се даде поддршка на талентираните и креативни уметници

.

Испрати коментар

Scroll To Top