Насловна / Вести / Oppo ќе претстави иновативна технологија за смартфон камерите

Oppo ќе претстави иновативна технологија за смартфон камерите

Еден од најголемите кинески производители на паметни телефони, кој имаше особено успешна 2016 година, на MWC во Барселона ќе претстави нова технологија за камерите која ќе ја употребува во своите уреди.

Oppo ја претставува оваа камера како супер иновативна, која на корисникот ќе му овозможи да фотографира досега невидени детали. Мене ова ми звучи на сензор со многу мегапиксели и бидејќи технологијата е наречена 5x Project, сензор би можел да има 50, слично на Nokia Lumia PureView телефоните.oppo

Сепак, има шанса да се работи и за целосно софтверски процес на преработка кој вади повеќе детали од фотографиите, бидејќи Oppo најави дека оваа технологија ќе се употребува и за предните камери, со цел корисникот да може да фотографира и супер детални селфи фотографии.

Од компанијата најавија дека оваа технологија ќе го смени начинот на кој гледаме на камерите во нашите смартфони, а е резултат на цела година истражување и развој. Ова е нешто што многупати го имаме слушано досега и иако има огромен напредок во квалитетот, камерите во телефоните сѐ уште не се на ниво на квалитетен фотоапарат. Ако може Oppo барем и да се доближи на фотоапаратите, можеме да бидеме прилично среќни.

Новата технологија Oppo ќе ја претстави на MWC саемот во Барселона, каде веројатно ќе видиме и некој нов смартфон од нив наменет за светските пазари.

Испрати коментар

Scroll To Top