Насловна / Вести / Национално признание за заштита на животната средина за Адора инженеринг

Национално признание за заштита на животната средина за Адора инженеринг

DSCN4255 (2)

Градежната компанија Адора Инженеринг доби национално признание за Општествена одговорност на претпријатија, за 2013 година, во категоријата „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“.

Признанието што министерот за економија Беким Незири и го врачи на Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат квалитетно, здраво и економично домување по европски стандарди.

„Двата елитни станбено- деловни објекти Аеродром-Парк и Аеродром-Црква ги надминуваат барањaта од Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија и се први колективни станбени згради изградени од високата А класа. Елитните висококвалитетни станбени објекти со врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност, на станарите им штедат енергија за греење и ладење, трошејќи до шест пати помалку од порано, а со поставувањето заедничко осветлување со фотоволтаици и инсталирањето штедливи светилки на сензори, овозможуваме поквалитетно и поекономично домување. Намалената потрошувачка на енергија не значи само финансиско намалување на трошоците туку и намалување на емисијата на CO2 со што придонесуваме за почиста и поздрава животна средина“, посочи директорката Чифлиганец

Испрати коментар

Scroll To Top