Насловна / Вести / На 16 и 17 ноември во Скопје ќе се одржи конференцијата Microsoft Визија: Reloaded

На 16 и 17 ноември во Скопје ќе се одржи конференцијата Microsoft Визија: Reloaded

Од денес започнува регистрацијата за Microsoft конференцијата Визија: Reloaded, најголемиот  и најзначајниот настан годинава, кој во текот на 2 дена ќе биде центарот на случувањата за ИТ и за бизнис-секторот.

Конференцијата во организација на Microsoft Македонија ќе се одржи на 16 и 17 ноември во „Хотел Marriott“ во Скопје и ќе собере на едно место повеќе од 300 бизнис-лидери, одлучувачи, ИТ-професионалци и партнери од земјава и пошироко. Сите тие ќе бидат дел од новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, а од годинава и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор.mikrosoft

Microsoft Визија: Reloaded ја раскажува новата приказна за интегрираните Microsoft бизнис-решенија. Во три траки предавања ќе бидат презентирани потенцијалите на дигиталната трансформација на денешното време и можностите за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот, односно како да се направи повеќе, побрзо и со помалку.

Главен говорник на конференцијата ќе биде Michael Kögeler, генерален директор за Multicountry регионот во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Microsoft за Македонија, Бугарија и Косово, како и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

„Нашата стратегија е да го трансформираме работниот простор преку наjдобрите cloud-решениjа na Microsoft, кои ќе им помогнат на нашите клиенти да ги стават своите податоци во функција, да ја зголемат продуктивноста на својот бизнис, како и да заштедат пари преку еволуциjа на работните процеси. Целта на Microsoft е да им дадеме на луѓето комплетна контрола над своето време за да можат да ги завршат сите работи – во секое време, на секое место и на која било направа“, изјави Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа  ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

Регистрацијата за учество на конференцијата се врши преку официјалната веб-страница: www.vizijareloaded.mk, а Early Bird котизациите се достапни до 24 октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top