Насловна / Вести / „Мајкрософт“ и „Фејсбук“ ќе постават подводен кабел во Атлантикот со рекорден капацитет за податоци

„Мајкрософт“ и „Фејсбук“ ќе постават подводен кабел во Атлантикот со рекорден капацитет за податоци

Гигантите „Мајкрософт“ и „Фејсбук“ најавија заеднички проект за поставување подводен кабел во Атлантскиот Океан, кој според двете технолошки компании ќе има рекордно голем капацитет за пренос на податоци, пренесе ДПА.kabl majkrosoft

Кабелот со должина од 6.600 километри ќе се протега од северниот дел на Вирџинија до Билбао, Шпанија.

Негов оператор ќе биде сестринската фирма на шпанскиот телеком „Телефоника”, која ќе ги продава неискористените ресурси на други клиенти.

Кабелот „маре“ („бран“ на шпански) ќе содржи осум двојни фибер-кабли. Според телевизискиот канал „Си-ен-ен“ максималната брзина за пренос на податоци на „маре” ќе биде 160 терабајти во секунда. Работите околу поставувањето на кабелот ќе почне во август и се очекува да заврши следната година. Компанијата „Гугл“ има инвестирано во слични проекти под вода низ Пацификот.

Испрати коментар

Scroll To Top