Насловна / Архитектура / Конзолна семејна куќа на архитект во Норвешка

Конзолна семејна куќа на архитект во Норвешка

саундерс норвешка дом (2)

Архитектот Тод Саундерс дизајнира елегантна куќа од црно дрво наречена Vila S за себе и своето семејство во Берген, Норвешка, а инспириран од советот што го добил од своите две мали деца.

Оваа уникатна куќа сместена на поранешен тревен парк се издига на два подиуми, кои формираат заштитен отворен простор и поддржуваат пар нишалки во коишто целото семејство ужива. Повисокиот станбен дел ја користи најголемата парцела, истовремено нудејќи на Саундерс и неговото семејство одличен поглед на бујниот пејзаж.саундерс норвешка дом

Саундерс во дизајнирањето на куќата се приспособил на желбите и барањата на своите деца и жена. Семејството сакало колку што е можно повеќе да ги користат отворените простори, и затоа Саундерс го подигнал волуменот на објектот, со што главните животни простори се над нивото на земјата, создавајќи покриени отворени простори.саундерс норвешка дом (3)

Децата инсистирале на поставување лулашки, па две лулашки се поставени под куќата во градината под едниот волумен на куќата. Другите конзоли се протегаат преку тревнатите површини на градината, создавајќи места за играње на отворено, кои се заштитени од дожд.

саундерс норвешка дом (4)

„Подиумските“ волумени содржат семеен простор и семејна ТВ соба, кои се поврзани со горните простории со единствени скали дизајнирани од страна на Саундерс лично. Отворената дневна соба и трпезарија се поврзани со главната спална соба на едниот крај, и детската соба на другиот крај.

саундерс норвешка дом (5)

Ќерката на Саундерс имала барање нејзината соба да има поглед на кујната, па е поставен прозорец кој ја поврзува нејзината спална соба со кујната. Домот е украсен со мала, приватна соба за читање, која е посветена само на книгите, каде што целото семејство може да ужива.

саундерс норвешка дом (6)

Испрати коментар

Scroll To Top