Насловна / Арт и дизајн / „Јавна соба“ нов простор на македонската дизајнерска сцена

„Јавна соба“ нов простор на македонската дизајнерска сцена

javna soba skopje1

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ е новиот простор за поддршка на Македонската дизајнерска сцена.

Центарот лоциран во централното подрачје на градот (на „50. Дивизија“, 22) официјално ќе биде отворен вечер, а негов основач е Здружението на граѓани „Јавна соба“ кое е веќе етаблирано како креатор на платформа за поврзување на креативците со бизнис секторот.

javna soba2

Целта на просторот, како што истакна на денешната прес – конференција директорот на „Јавна соба“ Александар Велиновски, е да одговори на потребите за натамошен развој на македонскиот дизајн, чии почетоци се поврзуваат со „Skopje Design Week“, како и за негова презентација дома и во странство.

– Ако се постави прашањето дали постои македонски дизајн, да, постои, затоа што овој Центар за дизајн е комплетно македонски производ. Дизајниран е од компанијата „We and Nature“ од Скопје и авторот Тамара Ѓеоргиевска, како и други автори кои се занимаваат со моден дизајн, расвета, накит, предмети за домаќинство, помагала и слично, вели Велиновски, кој е и основач на „Skopje Design Week“.

javna soba skopje3

Центарот ќе биде од отворен online casino карактер и ќе нуди поддршка за младите креативци кои ќе творат во овој простор, а добредојдени се и ликовни уметници, театарски групи, поетски друштва, секаков тип на креативен израз, па и „најлудата идеја е добредојдена“, додава тој.

Вутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија, кое веќе 10 години го помага развојот на дизајн сцената во земјава, а го помогна реновирањето на просторот, истакна дека дизајнот е важен извозен производ на неговата земја и го рефлектира најдоброто од холандскиот карактер. Изрази уверување дека и кај македонските креативци постои голем потенцијал.

javna soba skopje2

Центарот, кој се простира на површина од 1.450 метри квадратни, меѓу другото, располага со работилница наменета за изработка на базични прототипови, мини – библиотека, детска лабораторија за дизајн, има и продажен простор со производи на македонски автори, а ќе функционира и како галериски простор. Следната година предвидени се повеќе куси резиденции на холандски дизјанери, како и дизајнери од Македонија и регионот кои ќе работат на проекти иницирани од страна на компании. Во план е и формирање на дизајн – инкубатор.

Инаку,  „Skopje Design Week“ од оваа година се сели во просторот на Центарот „Јавна соба“, а ќе се одржи од 26 до 29 ноември.

Испрати коментар

Scroll To Top