Насловна / Вести / Hartmannswillerkopf француско – германска историја

Hartmannswillerkopf француско – германска историја

Hartmannswillerkopf гледа и доминира на Алзаската рамнина, на Рајна и на Бадеската Земја и се соочува со масивот на Шварцвалд, на кој нуди поглед од кој застанува здивот. Копга се доновите убави и времето бистро, панорамата се протега до Јура и Алпите. Од времето на Првата светска војна, бојното поле на Hartmannswillerkopf за многу Французи и Германци е света планина. За време на војната и според некои германски весници, тоа бил “клучот на Алзас”. Комплексот се состои од бојно поле, некропола или француски воени гробишта и национален споменик на премин Silberloch. Овие последни два елемента формираат архитектонски ансамбл ориентиран меѓу преминот и врвот, чија перспектива се отвара на почетокот на “Route des Crêtes” која му служи на локалитетот.Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf
Историјата не се наметнува, ниту пак се натпреварува со споменикот, туку го пронаоѓа своето место, дискретно се влева во пејзажот. Павилјонот е врската помеѓу големиот пејзаж, локацијата и споменикот. Така, проектот е инспириран од минатото, но е решително свртен кон иднината. Архитектурата е неупадлива, отворена и зрачи, впишана е во денешната динамика. Флуидноста на кривините, леснотијата на формите, природните и обновливите материјали, еколошката и пејсажната сензибилност, како логичното така и ригорозното функционирање, се зборува за нашите заеднички современи чувства.Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf

Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf

Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf
Градбата го прати падот, закотвена на теренот. Природниот пад на теренот е добро искористен, вегетацијата и шумата ја опкружуваат зградат. Величенствено отворена на јужната падина кон сонцето, во привилегирана природна положба во рамките на големиот пејсаж, зградата се интегрира во природната топографијата. Поставена е на бетонски темел поставен во рамки на оплатата од дрвена плоча, цврста и робусна, врз која лежи дрвената рамка, изведена од локалната шумски индустрија на борови и смрека, која исто така симболизира преку изборот на материјали на француско- германска унија. Овој однос со природата е сублимиран.

Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf

HWK RDC

HWK PM

Historial franco-allemand du Hartmannswillerkopf

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top