Насловна / Ентериери / Ентериер со амбиенталност на одржлив парк

Ентериер со амбиенталност на одржлив парк

1

Во август 2013 година, градот Амстердам даде зелено светло за повторен развој на една стара продавница во рамки на една од своите канцеларии на Jodenbrestraat во Амстердам и да се претвори во мултифункционален плоштад. Овој план е дел од новиот флексибилен концепт за нивните канцеларии. Во барањата до фирмата CUBE architecten е наведено да се развие површина од 530 м2. Според градот Амстердам тој простор треба да е привлечен, со извонреден изглед.

2 3
Полујавниот плоштад може да се користи за работа, работилници, состаноци, презентации, или едноставно како ресторан за јадење и пиење кафе, сокови или сендвичи од барот. Повеќе функционални делови од програмата се ефикасно спакувани во едноставни волумени на таков начин да формираат отворен простор за плоштад. Влезот во големата зграда е преуреден со нова рецепција и со додадениот нов плоштад се поврзува со остатокот на зградата.

4
Со ова се додава простор на зградата со мир и амбиенталност на зелен парк. Големи, но различни растителни кафези висат како крошни меѓу реалните стебла на брезите. Долж големите стаклени врати се обесени жардиниери за да создаде природен филтер. На ѕидовите се проектираат сенките на листовите, додека подот има природен надворешен изглед со кафеаво-сивкасти тонови. Доследната употреба на белата, кафеавата и зелената боја носи смиреност помеѓу случајно поставените елементи. Волуменот содржи празни места кои се лоцирани како дрвени шупи помеѓу дрвјата, а се направени од дрвени летви со различна дебелина.

5
Вистинските растенија кои се обесени во кафези, од самиот почеток се суштински дел од планот и добар предизвик во проектирачкиот процес, со цел да се обезбеди добар квалитет на воздухот и природен амбиент. Првично се размислувало за автоматско наводнување, а потоа се одлучува да се закачат на 10 електрични дигалки, кои нормално постојат само во театрите. На секои четири недели тие се спуштаат за да се згрижат хидропоните растенија (техника на одгледување растенија без земја).

6
7
Одржливоста е еден од клучните принципи на овој ентериер. Може повторно да се употребат некои делови од инсталациите, како и изработката на мебел од стари искористени елементи од депоата на општината. Исто така, осветлувачките тела како и некои од масите и столиците се исто така искористени од старите депоа.

8 9

Испрати коментар

Scroll To Top