Насловна / Вести / Црните лебеди се вратија во Охридското Езеро

Црните лебеди се вратија во Охридското Езеро

Во седумдесеттите години на минатиот век во Охридското Езеро имало црни лебеди кои заедно со белите претставувале вистинска атракција во градот. Најголемиот непријател на лебедите е човечкиот фактор и во минатото тие страдале од несовесните граѓани.

Црните лебеди се донесени од зоолошката градина од Белград, а потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија.crn-lebed

„Најголемиот проблем кај лебедите е човечкиот фактор. Лошиот човек, необрзован, оној што сака да наштети, е опасен за сите лебеди, особено за црниот. Враќањето на црниот лебед во езерото ќе биде голем тест за охриѓани. Негувајте ги лебедите, тие се вистински украс на нашиот град и на езерото. Кога можете хранете ги, дајте им шанса да успее и црниот и давајте идеи како да направиме животинскиот свет на езерото да биде уште побогат,  уште поразноврстен. На крајот на краиштата ова е добра акција за привлкување повеќе туристи“, изјави Зоран Тунтев од лајонс клубот „Лихнидос“.

На иницијатива на „Лихнидос“ беа донесени и два бели пауни кои сега се вистинска атракција во манастирскиот комплекс Свети Наум.

Испрати коментар

Scroll To Top