Насловна / Архитектура / Белградскиот хотел Radisson Blu Old Mill добитник на меѓународна награда за архитектура

Белградскиот хотел Radisson Blu Old Mill добитник на меѓународна награда за архитектура

oldmill

Белградскиот хотел Radisson Blu Old Mill добитник е на „Меѓународната награда за архитектура 2016“ (International Architectural Award 2016) која ја доделува Chicago Athenaeum – Музејот за архитектура и дизајн и Европскиот центар за архитектура, уметнички дизајн и урбани студии.

radison-blu-belgrad

Проектот на хотелот Radisson Blu Old MIll се нашол меѓу 130 добитници на оваа престижна награда во категоријата на нови стамбени објекти, комерцијален  и институционален развој, пејсажна архитектура и урбанистички проекти од 43 земји.

radisson-blu-old-mill-lobb

„Меѓународната награда за архитектура 2016“ претставува една од најпрестижните програми на архитектонски награди на светот за оддавање признанија на проектите како што се: нови деловни објекти, урбанистички планови, приватни резиденции и недвижности кои постигнуваат висок стандарди во проектирањето, изведбата, планирањето и одржливоста.

radison-blu1

Хотелот Radisson Blu Old Mill покрај „Меѓународната награда за архитектура 2016“ (International Architectural Award 2016) поседува и неколку престижни меѓународни признанија: две награди на 8. Меѓународни награди за дизајн – прва награда за дизајн на ентериер во категоријата „Реновирање“ и втора награда во категоријата Commercial.

radison-blu

Хотелот влезе во финалето на 11 доделување на наградите за хотелски дизајн (11th Hospitality Design Awards) во категоријата Hotel Midscale, во конкуренција на 560 објекти од целиот свет. Тука се и наградите – Luxury Travel Guide Awards 2016 – хотел на годината, 13th Modern Decoration Award International Media Award 2015, Conventa Trade Show Award (Љубљана, Словенија) – 3. место во категоријата бизнис хотели, како и World Travel Awards „Водечки хотел во Србија 2016“.

radison-blu-bgd

Radisson BLU Hotel Belgrade

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top