Насловна / Ентериери / Бар во кој се служат само млечни производи

Бар во кој се служат само млечни производи

Луѓето од архитектонската фирма Thaipan Studio, по внимателното разгледување на оригиналната состојба на објектот, кој го карактеризира малку ексцентричен и застарен изглед, одлучиле новиот дизајн да задржи дел од историјата на ентериерот, искористувајќи ги белите плочки и, генерално, белата боја.bar-za-mleko-8

Сјајниот бел ентериер на барот Butterfly во Банкок е дизајниран да алудира на главниот актер на барот – млеко!

Над 12 илјади бели плочки со едноставен дизајн биле искористени за да се креира чиста, футуристичка атмосфера, пишува Designboom.bar-za-mleko-7

Во комбинација со белите плочки, кои се основа на дизајнот, користен е мебел од дрво направен по мерка.

Во барот Butterfly, може да се конзумира пробиотски јогурт, како и други пијалаци и десерти направени од органско млеко.bar-za-mleko-6 bar-za-mleko-5 bar-za-mleko-4 bar-za-mleko-3 bar-za-mleko-2 bar-za-mleko-1

Испрати коментар

Scroll To Top