Насловна / Вести / Балканот планира изградба на нови термоцентрали, но дали тие ќе бидат во согласност со стандардите на ЕУ?

Балканот планира изградба на нови термоцентрали, но дали тие ќе бидат во согласност со стандардите на ЕУ?

Речиси ниту една нова термоцентрала на јаглен планирана во земјите од Западен Балкан нема да ги исполнува новите построги стандарди на ЕУ за загадувањето, се предупредува во новата анализа на организацијата CEE Bankwatch Network објавена на 14 јуни.

Компаниите од регионот кои во голема мерка засега не ги почитуваат ниту европските ниту пак националните прописи, доколку на оваа ситуација не реагираат веднаш, подоцна ќе имаат поголеми оперативни трошоци поради неускладеноста со новите стандарди, пренесува поратлот EurActiv. Имено, кон крајот на април, ЕУ усвои нови стандарди (LCP BREF) за големи постројки кои се базирани на најдобрите достапни техники за контрола на загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и за лимитирање на нивото на емисијата на штетните гасови кои мора да се постигнат со примената на тие техники.

Анализата на CEE Bankwatch Network опфаќа осум планирани енергетски постројки на јаглен со вкупен инсталиран капацитет од 2,6 GW во Србија, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора, како и ТЕ Станари во БиХ која веќе е изградена односно започна со работа во септември 2016. Притоа, планираните постројки се Тузла 7, Бановиќи, Угљевик III (1 и 2) во БиХ, Kosova e Re во Косово, реконструкција на ТЕЦ Осломеј во Македонија, Плевља II во Црна Гора и Костолац B3 во Србија. Организацијата истакнува дека во регионот се планирани уште централи на јаглен, но дека тие проекти сè уште се во многу рана фаза на подготовка.балкан смог_2

Утвредено е дека во однос на граничните дозволени вредности за загадувањето на воздухот од BREF, пет од планираните централи не ги исполнуваат стандардите, додека за преостанатите три нема доволно јавно достапни информации.балкан смог_1

CEE Bankwatch Network е мрежа на еколошки движења, здруженија и групи во Централна и Источна Европа, која ги следи и настојува да ги спречи јавните инвестиции кои се штетни за животната средина.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top