Насловна / Вести / Австрија против нуклеарната енергија

Австрија против нуклеарната енергија

Krsko nuklearna centrala
Австрискиот канцелар Вернер Фајман, смета дека енергетската унија е алтернатива  за нуклеарната енергија  на соседните Словенија и Хрватска. Во текот на трилатералната средба со премиерите на Хрватска и Словенија, со учество и на потпретседателот на Европската комисија, го повтори своето остро противење на нуклеарната енергија.

Прашан за нуклеарната централа Кршко, тој изрази отворени критики дека нуклеарната енергија не е одржлива, но истовремено призна дека на Словенија и Хрватска треба да им се понуди алтернатива. Таа алтернатива ЕУ ќе ја обезбеди преку енергетската унија, подвлече Фајман.

Потпретседателот на ЕК истакна дека членките на Европската Унија мора да соработуваат по прашањата од енергетиката и нагласи дека енергетската унија не смее да биде проект на институциите на ЕУ, туку зад тоа мора да застанат самите граѓани.

 

Испрати коментар

Scroll To Top