Насловна / Вести / Аеродромот Осло со двојно поголема површина и „најзелен“ терминал

Аеродромот Осло со двојно поголема површина и „најзелен“ терминал

Aerodrom Oslo rekonstruiran2
Со реконструкција во вредност од 14 милијарди круни (околу 1,47 милијарди евра) и нов закривен покрив долг 300 метри двојно е зголемена површината на аеродромот Осло изграден во 1990 година. Проектот на реконструкцијата е дело на компанијата Nordic Office of Architecture. По реконструкцијата аеродомот има вкупна површина од 117.000 квадратни метри и капацитет од 32 милиони патници годишно. Изградени се 11 нови излези и 10 нови места за паркирање на авионите, како и нова железничка станица во центарот на аеродромот. Реконструкцијата започнала во 2011 година.
Aerodrom Oslo rekonstruiran
Новата 300 метри долга покривна конструкција се состои од комбинација на рефлектирачки панели и дрво од скандинавските шуми. Просторот го карактеризираат и големи прозорци низ кои се пружа поглед на пистата, но и огромни количини природна светлина во внатрешноста на терминалот. Потрошувачката на енергија намалена е за повеќе од 50%, а емисијата на CO2 за 35% благодарение меѓу другото и н аупотребата на еколошки материјали.
Архитектите од Nordic Office of Architecture тврдат дека се работи за еден од енергетски најефикасните терминали во светот и најавуваат пријатни искуства за патниците.

Aerodrom Oslo rekonstruiran1 Aerodrom Oslo rekonstruiran3 Aerodrom Oslo rekonstruiran4 Aerodrom Oslo rekonstruiran5

Испрати коментар

Scroll To Top