Насловна / Вести / AAM: Референдумот за ГТЦ – историски важен момент

AAM: Референдумот за ГТЦ – историски важен момент

 

Gradski trgovski centar

Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ), како подносител на барањето за референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар – Скопје, се обрати со соопштение во кое го изразува задоволство за прифаќање на оваа иницијатива од страна на општина Центар.

Во соопштението се нагласува дека, ААМ како единствено професионално здружение на архитектите во РМ има должност и обврска да работи во интерес на негување и развивање на архитектурата и урбанизмот во согласност со архитектонската наука и етика, и зачувување на македонското градителско наследство, во кое несомнено спаѓа и ГТЦ како еден од најмаркантните објекти од нашата понова градителска историја. Во таа насока ААМ во изминативе неколку години има преземено голем број активности во форма на апели до сите надлежни институции, како и активности за мобилизација на стручната и пошироката јавност во форма на дебати, собирање потписи за поддршка и јавни протестни собири. Затоа прифаќањето на нашата иницијативата за овој прв референдум во општина Центар е значаен исчекор во правец на нашите заложби.

Поради сето ова, во оваа најделикатна состојба за архитектурата во РМ, сметаме дека ова е историски важен момент за македонската демократија и јавно повикуваме на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности. Истовремено, испраќаме апел до советниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализираат своето уставно загарантирано право, се вели во соопштението на ААМ.

Испрати коментар

Scroll To Top