Насловна / Архитектура / ААМ апелира до Владатa да не се дозволи нов Клинички центар на постојната локација

ААМ апелира до Владатa да не се дозволи нов Клинички центар на постојната локација

Денес во 12 часот, Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ во ГЕМ клубот во Скопје, одржа прес конференција на која се обратија Претседателот на ААМ, архитект Мартин Пановски и урбанист Иван Арсовски член на управниот одбор на ААМ. Тема на пресот беше изградба на нов Клиничкиот центар, но на нова локација.

Изјавите на Владата се дека сеуште се размислува и се разгледува локацијата на Клиничкиот центар. Велат дека постои дилема дали тој да биде на постојната локација и по проект нарачан уште од предходната Влада или сосема нов Клинички центар на одамна со ГУП предвидена локација. Ставот на ААМ како единствено струково здружение на архитектите е недвосмислен и дециден дека никако несмееме да си ја дозволиме грешката да се изгради  Клинички центар на постојната локација.

imageedit__8429835736

Претседателот на ААМ изјави „ Повеќе од 10 години архитектите и урбанистите се третираат од страна на властите како извршители на неќии желби и замисли, а не како стручни лица кои треба да се најодговорни за урбаниот простор на државата. Изминатите денови сме сведоци на повторно отварање на прашањето за локацијата за изградба на Клинички центар. И повторно како и секогаш кога станува збор за било каква интервенција во урбаниот простор одлуките се носат без консултација со стручната јавност и за урбанизам и архитектура се зборува од аспект на градежништво и сообраќај“. Единствена информација за изградбата на Клинички центар што ја има ААМ е онаа од медиумите дека сеуште се размислува дали да се изгради Клинички центар на постојната локација. Според информациите и фотографиите од средбата на Владата и Европската банка која ги доделува средствата за овој објект јасно е дека е раговарано врз основ на 3Д сликите кои ги презентираше и предходната власт. Пановски прашува„ Тука се наметнува прашањето кој е тој што размислува и анализира, урбанистички и архитектонски прашања кои се од огромно значење за дражавата? Дали во владата имаат формирано тим од архитекти и доктори кои ја вршат анализата или тоа е тим од градежници и економисти?“ Бидејќи одговорот на овие прашања го нема тој додава „Ова значи дека повторно одлуките во каква околина ќе живееме како таа ќе изгледа и како ќе се развива во иднина, се носат некаде и од некој. Планирањето на просторот не смее да се сфати како желби на поединци. Како фела веќе искрено сме заморени од давање на мислења дали нешто е добро или не на нечија веќе готова изработена идеја. Но бидејќи ААМ има обврска да се грижи за развојот на изградениот простор на тлото на Република Македонија, повторно сме приморани да реагираме на таква готова идеја за која и претходно сме го искажале својот став, Клиничкиот центар треба да се гради на нова локација. Од сите овие причини ААМ е против продолжување на изградба т.е. реновирање и доградување на Клиничкиот центар на постојната локација. Со изградбата на Клиничкиот центар на постојната локација ќе се направи непоправлива штета и на здравството во РМ и на здравјето на граѓаните“.

imageedit_2_7709652543

Потоа на присутните им се обрати урбанист Иван Арсовски кој стручно го образложи бенефитот од Клинички центар на нова локација која е передвидена во Општина Карпош на север од населбата Злокуќани и на југ подолжно железничката пруга со правец Скопје – Кичево . „Во изминатите 20 години континуирано се изработува урбанистичка документација за постојната локација на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во општина Центар, како и за новата локација, со цел дислоцирање и изградба на Нов универзитетски клинички центар – Скопје во општина Карпош.

За старата и новата локација се изработени следните стратешки урбанистички планови:

Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје 2001-2020 година,

Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје 2012-2022 година,

За новата локација се изработени и урбанистички планови од пониско ниво и тоа:

Урбанистички план за градска четврт „ССЗ 01“ 2013-2022 година,

Детален урбанистички план за „Нов универзитетски клинички центар – Скопје“ (во изработка).

Арсовски ги презантираше сите предности на новопредвидената локација и сите недостатоци на постојната.

imageedit_4_8532781850

Нова локација Општина Карпош

-          Земјиште со површина за градење cca 94ха во сопственост на РМ и приватна

-          Земјиште со пониска цена на м2

-          Инветиција од 500 милиони евра за:

Градби на нов Универзитетски клинички центар со Медицински факултет и Ургентен центар

Градби на нов Стоматолошки клинички центар со Стоматолошки факултет

Градби за институт за Судска медицина и криминалистика

Градби за клинички центар за душени болести

Градби за групно домување за студенти и специјализанти

Градби за времено домување – хотели

Градби за мали комерцијални и деловни намени

Простори за паркови, спорт и рекреација.

Сообраќајна инфраструктура (терминал, улици, катни гаражи, хелиодром, паркинзи, енергетски блокови)

Постојна локација Општина Центар

-          Земјиоште со површина cca 20ха во сопственост на РМ

-          Земјиште со највисока цена по м2

Инвестиција од 82 милиони евра за: Градба наменета за Интерни клиники со хелиодром?

imageedit_6_7052245952

На конференцијата беше поставено и прашање дали ААМ има информации кој го изработува проектот како партнер на италјанската фирма која го доби тендерот? Дали се знае тимот на инженери кои работеле на проектот? До каде е изработката на проектот? ААМ не ги поседува овие информации. Апелира до Владата исто така како што го разгледувала договорот за тендерот за градење да го разгледа и тендерот за проектирање.

 

2 Коментари

  1. vladimir andonov

    Nekolku bitni i vlijatlni faktori za nova lokacija (kako navedenata):
    1. Klinickiot centar e predviden za potrebite na celata drzava.
    2. Soobrakajniot pristap na segasniot centar e krajno protriv recen za sekoja bolnicka lokacija.
    3. Segasnata paviljonska postavenost na bolnickite kompleksi e mnogu odavno prevazidena.
    4. Na aktuelnata zagadenost na vozduhot doprinesuva soobrakajniot metez na vozila kon i od klinickiot centar.
    5.Za potsetuvanje, po zemjotresot vo Skopje, francuskata vlada predvide donacija za nov klinicki centar sto trebese da bide lociran nekade kaj Zajcev rid. Zosto propadna takvata idealna moznost?
    6.Bivsata voena bolnica (segasnata 8 septevri) e idealno locirana i so mnogu profesionalna vnatresna organizniranost. No da se prasame koi bea proektantite? Toa e eden od primerite za razmiskluvanje koi ja odreduvaat potrebata od nova lokacija.
    7. Vo svetot postojat specijalizirani konsultantski agencii, sto visoko profesionalno ke bidat od polza za najkompatibilnoto resenie.
    serdecno,
    Prof. Vladimir Andonov (vo penzija)

    • арх.Љупчо А.

      Токму така професоре. Поради тие толку ЈАСНО ВИДЛИВИ параметри зошто НЕ СМЕЕ да се гради во кругот на сегашниот Клинички, ААМ, арх.урбанистичката и сообраќајна фела / и не само тие / и Порта 3 како медиумски подржувач, го дигнаа гласот на разумот. Должни сме поради иднината на нашите деца и внуци да направиме притисок кон власта да се одбере единственото исправно решение за избор на локација на НКЦ , која е и со ДУП потврдена – кај Бардовци / општина Карпош /.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top