Насловна / Вести / 16. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2015)

16. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2015)

dkgm 2015

16.Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2015) ќе се одржи од 1 до 3 октомври 2015 во Охрид, Македонија. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој. Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области.

ТЕМА НА СИМПОЗИУМОТ: Современи конструкции – одржлив развој                           

Останати теми:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Еврокодови и национални анекси
  • Современи техники за изведба на конструкции
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
  • Доверливост, робусност и трајност на конструкциите
  • Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции
  • Асеизмичко проектирање на конструкции
  • Конструкции отпорни на пожар
  • Климатски влијанија врз конструкции
  • Превенција од катастрофи и ублажување на последиците врз градежните објекти
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Во рамките на Симпозиумот во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на РМ и Министерството за економија, ќе се одржат тркалезни маси на тема: „Еврокодови и национални анекси“ и  „Градежна регулатива – закони, правилници  и стандарди“.

НАУЧЕН ОДБОР

  1. Проф. Грозде Алексовски, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  2. Проф. Санде Атанасовски, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  3. Проф. Ѓорѓи Балаш, Градежен факултет, Универзитет за Технологија и Економија, Будимпешта, Унгарија
  4. Проф. Дубравка Бјеговиќ, Градежен факултет, Универзитет во Загреб, Хрватска
  5. Проф. Ѓорѓе Вуксановиќ, Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија
  6. Проф. Владимир Гоцевски, Универзитет Конкордија во Монтреал, Политехничка школа на Универзитетот во Монтреал и Универзитетот Мек Мастер во Хамилтон, Онтарио, Канада
  7. Проф. Шериф Дуница, Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија
  8. Проф. Елена Думова-Јованоска, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  9. Проф. Иван Јакимов, Градежен факултет, Универзитет за архитектура, градежништво и геодезија, Софија, Бугарија
  10. Проф. Љупчо Лазаров, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  11. Проф. Душко Лучиќ, Градежен факултет, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора
  12. Проф. Петер Марк, Рурски Универзитет во Бохум, Германија
  13. Проф. Виктор Маркељ, Универзитет во Марибор, Словенија
  14. Проф. Горан Марковски, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  15. Проф. Дарко Мославац, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  16. Проф. Тихомир Николовски, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  17. Проф. Светлана Петковска Ончевска, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  18. Проф. Предраг Поповиќ, Потпретседател и Сениор Директор, Wiss Janney, Elstner Associates, Чикаго, САД
  19. Проф. Властимир Радоњанин, Факултет за технички науки, Универзитет во Нови Сад, Србија
  20. Проф. Младен Улиќевиќ, Градежен факултет, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора
  21. Вон.проф. Масимо Фрагиакомо, Оддел за Архитектура и проектирање, Архитектонски факултет, Универзитет во Сасари, Алгеро, Италија
  22. Проф. Рудигер Хофер, Рурски Универзитет во Бохум, Германија
  23. Проф. Голубка Н. Цветановска, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија
  24. Доц. Алхан Ченк, Оддел за градежништво, Истанбул Универзитет, Турција
  25. Проф. Вероника Шендова, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија- ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Македонија

•     СООПШТЕНИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ И ИНСТРУКЦИИ ЗА НИВНА ПОДГОТОВКА

Официјални јазици на Симпозиумот се македонскиот и англискиот. Трудовите треба да бидат подготвени почитувајќи ги следните правила: вкупниот број на страници не треба да надминува 10, со исклучок на воведните и повиканите соопштенија кои се ограничени на 14 страници. Независно од јазикот на кој ќе биде изложен трудот, резимето треба да биде двојазично. Трудовите треба да се испратат до организаторот во електронски формат (Microsoft Word и PDF) за да се овозможи нивно дооформување пред објавување во Зборникот на трудови.

Учесниците треба да подготват и проширено резиме на трудот на две страници, само на англиски јазик. Проширеното резиме треба да даде јасна претстава за целите на трудот, осврт на добиените резултати и заклучоци. При доставување на трудот авторите треба да достават и доказ за платена котизација. Детални упатства за припрема на трудовите и проширените резимеа можат да се преземат од интернет-страницата на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk

Проширените резимеа ќе бидат печатени, додека комплетниот труд ќе биде издаден во дигитален формат. Трудови селектирани од Научниот одбор и презентирани на Симпозиумот ќе бидат објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание и списанија индексирани на базата SCOPUS.

Power Point и Постер презентациите треба да бидат подготвени на англиски јазик, а излагањето на еден од официјалните јазици на Симпозиумот.

Термини за пријавување на соопштенијата:

15 мај  2015        –  Пријава и кусо резиме

30 мај 2015        –  Повратна информација за прифаќање на соопштението

15 август 2015   –  Доставување на соопштението и проширеното резиме

30 август 2015   –  Повратна информација за рецензираното соопштение и проширеното резиме

10 септември 2015  –  Доставување на конечна верзија на соопштението и проширеното резиме

  • КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата, која во себе вклучува: книга на проширени резимеа, комплетни трудови во дигитален формат, коктел и свечена вечера изнесува 100 евра, односно денарска противвредност, доколку се уплати до 10 септември 2015. Котизацијата уплатена по предвидениот термин, изнесува 120 евра.

Учесниците на Симпозиумот, членови на ДГКМ, кои ќе ја платат членарината за 2014 и 2015 година во износ од 500 денари годишно, имаат 30% попуст, додека младите истражувачи (до 30 години) имаат 50% попуст. Студентите, членови на ДГКМ, имаат 75% попуст. Компаниите што ќе уплатат три до пет котизации добиваат 20% попуст, за уплатени шест-осум котизации добиваат 30% попуст, додека за над осум котизации попустот изнесува 40%. Попустите не се комбинираат.

Котизацијата треба да се уплати на жиро сметка: 300000001206328; депонент: Комерцијална банка – Скопје; даночен број: МК 4030995226660; за: ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА, Скопје, бул. Партизански одреди 24, П. Фах 560, 1000 Скопје, Република Македонија (за 16-ти Симпозиум).

•     СМЕСТУВАЊЕ

Сместувањето на учесниците е во Хотел „Гранит“ во Охрид за што секој учесник е потребно да изврши резервација преку следниот линк: http://hotelgranit.com.mk

•     МАРКЕТИНГ

Сите заинтересирани институции, компании и поединци можат под поволни услови да ги претстават на пошироката јавност своите досегашни достигнувања и производни можности преку изложби, видео проекции на самиот Симпозиум или огласи и реклами во Зборникот на трудови на Симпозиумот. Условите и цената може да се најдат на интернет страницата на ДГКМ и треба да се договорат однапред со организаторот.

Придобивки за Спонзорите:

  • Логото на Вашата орагнизација ќе биде изложено на веб страницата на симпозиумот, како и на сите материјали од симпозиумот.
  • Членовите на Вашата организација ќе добијат посебен попуст при регистрација.

•     КОРЕСПОНДЕНЦИЈА

Сите информации во врска со 16-от Симпозиум редовно ќе бидат објавувани на интернет страницата на ДГКМ. Пријава за учество може да се пополни и испрати директно преку линковите на интернет страницата. За информации, заинтересираните може да се обратат и на следната адреса:

Мери Цветковска – претседател на ДГКМ

Дарко Наков – технички секретар на ДГКМ

Градежен факултет – Скопје

Партизански одреди 24, П. Фах 560, Скопје

тел: (02) 3 116 066 лок. 205

факс: (02) 3 118 834

mase@gf.ukim.edu.mk

http://mase.gf.ukim.edu.mk

Еден коментар

Испрати коментар

Scroll To Top