Насловна / Архитектура / Во октомври во Трпејца се случува „INCM JATO 2019“

Во октомври во Трпејца се случува „INCM JATO 2019“

Од 5 до 14 октомври во село Трпејца ќе се одржи манифестација на EASA (European Architecture Students Assembly), односно Здружение на европски студенти по архитектура. Темата на манифестацијата „Јато“ ја користиме како метафора за ЕАСА заедницата, која ја поистоветуваме со јато од студенти по архитектура кое постојано мигрира на различни места, привремено населувајќи ги и влијаејќи врз нив. Градејќи го концептот за настанот, го избравме село Трпејца како идеална локација каде истиот може да се одржи. Доследни на темата „Јато“, одучивме бројката од 230 учесници да бидат сместени во што е можно повеќе куќи низ целото село, трансформирајќи ја Трпејца во привремено „ЕАСА село“.

Настанот вклучува целосна програма од презентации, предавања, дискусии, теоретски работилници, изложби и тематски вечери.

Jato

Главни учесници, односно главна целна група на проектот претставуваат европските студенти по архитектура од сите земји кои се дел од ЕАСА, вклучително и македонските студенти и млади архитекти. Бројката на учесници е 230, од кои 200 се странски учесници, а останатите се македонски студенти. Оваа бројка ја сочинуваат националните контакти-претставници на секоја земја, помошници, поголеми тимови од неколку земји кои ќе се претставуваат, гости, како и тимот на организатори.

Како втора целна група се појавува локалното население на селото. За времетраењето на настанот, ЕАСА заедницата ќе биде интегрирана во локалната заедница, и очекуваме дека двете заедници ќе имаат позитивно меѓусебно влијание.

jato1

Ваквиот настан дополнително позитивно ќе се одрази врз село Трпејца со тоа што ќе се одвива во месец октомври и ќе го заживее селото вон летната сезона, кога вообичаено има ниска посетеност.

Честа практика на учесниците на било кој ЕАСА настан е останување подолго по завршувањето на настанот во земјата каде се одржал и понатамошно истражување и посета на други места и локации низ истата. Па така, по завршувањето на INCM JATO 2019, повеќето од нив ќе имаат можност уште подобро да се запознаат со Република Северна Македонија.

ЕАСА – ЈАТО Скопје до сега финансиска поддршка за организирање на „INCM JATO 2019“ има добиено од следните извори: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Министерство за култура на Република Северна Македонија, ЕАСА Бугарија, Холандска амбасада во Република Северна Македонија и Полска амбасада во Република Северна Македонија. Во тек е потенцијално добивање на финансиска поддршка од Општина Охрид и Агенција за млади и спорт.

Jato2

EASA претставува платформа за културна и образовна размена, поврзувајќи студенти по архитектура и професионалци од сите европски земји, а во последниве години и од ширум светот.

INCM (Intermediate National Contacts Meeting), односно Интермедијален собир на националните контакти, е вториот годишен настан, кој служи како инструмент за донесување одлуки, и како таков има голема важност. Се одржува секоја есен и тогаш се собираат сите национални контакти, вообичаено по двајца од секоја земја, да го разгледуваат минатото и да одлучуваат за иднината на „EASA”.

3 Коментари

  1. Добра друзья!

    Хотелось услышать, кто-нибудь крутил сайт через профитлинкс?
    Что за методы были более результативными?
    Если у кого-то был такой опыт, расскажите плиз.

    Заранее спасибо

  2. Vladimirspame

    Добрый день!
    По profitlinks.ru поднимается очень много разных сайтов.
    Все зависит от того, что нужно вашему сайту, насколько он молод, какая ссылочная масса уже присутствует. Для молодых сайтов больше подойдет раскрутка пирамидами ссылок – так как прямых ссылок будет не много, и это не приведет к ссылочному взрыву. Для наращивания массы пригодится использовать органические ссылки.

  3. ИжевскLic

    Приглашаем вас в группу объявлений Ижевска в telegram! Объявления Ижевска

Испрати коментар до Donaldguina Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top