Насловна / Архитектура / Сантијаго Калатрава, лауреат на Европската награда за архитектура за 2015: Творец за кого не постојат апстрактни граници

Сантијаго Калатрава, лауреат на Европската награда за архитектура за 2015: Творец за кого не постојат апстрактни граници

Добитник на Европската награда за архитектура за 2015 година, е Сантијаго Калатрава, архитектонска икона, визионер, теоретичар, филозоф и вистински уметник во инженерскиот и архитектонскиот експресионизам во светот денес. Оваа престижна награда, ја доделува Европскиот центар за архитектура, уметност, дизајн и урбанизам и Chicago Athenaeum: Музеј за архитектура.

Се доделува еднаш годишно на европски архитект „кој придонесува за нов правец во архитектурата, кој е длабоко хуман и посветен на принципите на европскиот хуманизам“. Доделувањето на наградата се одржа на 17 ноември во Светскиот трговски центар во Њујорк.city_of_art_and_science_by_runedance0-d3i0te0

City of Arts and Science (1991-2006), Валенција, Шпанија

„Значајно е тоа што Европската награда за архитектура, му одаде признание на Сантијаго Калатрава како архитект, инженер и уметник. Калатрава остави трага во долгогодишната модернистичка дебата за тоа дали архитектурата е инженерство или архитектурата е уметност. Архитектурата е инженерство и дефинитивно уметност. Кај Калатрава ги гледаме сите три дисциплини беспрекорно споени во една архитектонска практика. И навистина, овој архитект е совршен, современ уметник. Неговите градби не се само згради. Тие се моќни уметнички дела, инспирирани од надарената рака на мајсторот и извајани од неговото супериорно, критичко око, неизмерно привлечно и жестоко интелектуално. Тој регуларно ја поминува линијата помеѓу уметноста и архитектурата. Неговите објекти често се нарекуваат скулптури, додека неговите скулптури и слики, скици на објектите“, изјави претседателот на Chicago Athenaeum, Christian Narkiewicz-Laine.calatrava

Архитект, инженер…

„Сакав да одам во уметничко училиште“, вели Калатрава. „Но еден ден отидов во една продавница, во Валенсија, и видов една мала книга со убави бои. Жолти и портокалови елипси на сина заднина. Веднаш ја купив. Книгата беше за Ле Корбизје, чија работа беше откритие за мене. Видов слики од бетонски скали  во Unité d’Habitation. Си реков, какво извонредно чувство за форма. Поентата на книгата беше да ги покаже уметничките аспекти на работата на архитектот. Како резултат на купувањето на оваа книга, јас се префрлив во архитектонско училиште“. Интересот за уметноста, чувството за естетика и форма, и значењето на малата книга, се константен фактор во целото негово творештво. Квалитети кои го прават единствен во светот на современата архитектура.

Официјално, Сантијаго Калатрава Валс (Santiago Calatrava Valls) е шпански архитект, роден 1951 година, во Валенсија. Неговото образование е  големо, како и неговото дело. Дипломирал архитектура на Политехничкиот универзитет во Валенсија во 1974 година. Потоа конструктивно инженерство на Швајцарскиот сојузен институт за технологија (ЕТН) во Цирих. Докторирал на технички науки во 1979 година. Во 1981 година основал сопствена фирма за архитектура и инженерство во Цирих, која подоцна ја проширил со канцеларии во Париз, Валенсија и Њујорк.1. Stadelhofen Station (1983-1990), Zurich,  Switzerland

Железничка станица Stadelhofen во Цирих (1983-1990)

Својата кариера ја изградил преку јавна архитектура и благодарение на конкурси преку кои претежно ги добивал проектите низ многу градови во Европа, Америка и Азија. Неговите почетни работи се објекти од нискоградба. Повеќе мостови, железнички станици… проекти чие ниво успеал да го подигне и да ги претвори во проекти со уметничка форма.

Првата негова професионална победа е добивањето на конкурсот во 1983 година, за проектот на железничката станица Stadelhofen во Цирих (1983 – 1990).

2. Alamillo bridge, (1987-1992), Seville, Spain

Мостот Alamillo (1987-1992), реализиран за Експо’92, Севиља, Шпанија

Мостот Alamillo (1987-1992), изграден за Експо’92, Севиља, Шпанија, веднаш го привлече меѓународното внимание со впечатливиот 142 метри висок пилон, под агол од 58º, кој е доволно масивен за да го урамнотежи мостот, без потпори, само со 13 пара на кабли.

Campo Volantin Footbridge by Santiago Calatrava

Пешачки мост Campo Volantin (1994-1997) во Билбао, Шпанија

Тој ги користи своите инженерски знаења и создава иновативни структури во бетон и челик, како пешачкиот мост Campo Volantin (1994-1997) во Билбао, Шпанија, со закосена параболична лачна структура и вкупен распон од 75 метри, мостот  Lusitania (1988-1991) во Мерида, Шпанија, или Mujer Bridge (1998-2001) во Буенос Аирес, Аргентина.

SANTIAGO CALATRAVA  .  PUENTE DE LA MUJER  .  BUENOS AIRES

Mujer Bridge (1998-2001) во Буенос Аирес, Аргентина

4.Most Lusitania (1988-1991), Merida, Spanija

Мостот  Lusitania (1988-1991) во Мерида, Шпанија

Значајни, пресвртни точки во неговата кариера и почеток на една серија проекти кои му донесоа меѓународен углед, се изградбата на комуникациската кула Montjuic, со симболичен облик на рака со олимписки пламен, изградена за Олимписките игри во Барселона 1992, и галеријата Allen Lambert (1987-1992), Торонто, Канада.

6. Komunikaciska kula Montjuic (1992), Barcelona,  Spanija

Комуникациска кула Montjuic во Барцелона (1992)

Неговата инспирација да создава архитектонски објекти, со природни форми и ритми, е страст која е евидентна, посебно во едно од најпознатите дела, железничката станица на аеродромот во Лион, Франција, (1989-1994) со изглед и симболично значење на птица со раширени крила.

торонто1

Галерија Allen Lambert (1987-1992), Торонто, Канада

Потоа следи кровот на Олимпискиот спортски комплекс во Атина, Грција (2001-2004), па Tenerife Auditorium (1991-2003), на Канарски острови, Шпанија, и City of Arts and Science (1991-2006), Валенсија, Шпанија, кој вклучува Planetarum, Science Museum and L’Umbracle (1991-2000) и Opera Hous (1996-2006).

Gare Satolas TGV in Lyon

Железничката станица на аеродромот во Лион, Франција, (1989-1994)

10. Tenerife Auditorium (1991-2003)Kanarski ostrovi ,  Spanija

Tenerife Auditorium (1991-2003), на Канарски острови, Шпанија

На почетокот на 90-тите години, Калатрава почна да воведува подвижен аспект во неговите објекти. На пример во Кувајтскиот павилјон на изложбата Експо ’92, тој воведе сегментирани делови на кровот, кои се прегрупираат создавајќи различни форми и светлосни ефекти.12. Milwaukee Art Museum, Quadracci Pavilion, (1994-2001),  Milvoki, Viskonsi SAD

Milwaukee Art Museum, Quadracci Pavilion (1994-2001), во Милвоки, Висконсин, САД

Неговата прва зграда во Америка е Milwaukee Art Museum, Quadracci Pavilion (1994-2001), во Милвоки, Висконсин, САД. Објект кој содржи подвижни крила Brise Soleil, кои се отвораат и затвораат (66 м) и наликуваат на крилја на птица. Квалитет кој на овој објект достигна нови височини.The_Turning_Torso,_Malmo

Твистинг кула Turning Torso (1999-2005) во Малме, Шведска

Влезот на Калатрава во високиот дизајн започна со уникатната, иновативна, 54-катна твистинг кула Turning Torso (1999-2005) во Малме, Шведска, во скулптурална форма со извртување на „човечки ’рбетен столб“. Следат, Транспортниот центар во Светскиот трговски центар во Њујорк (2003-2015), подвижна, крилата структура која создава прекрасен отвор кон небото.16. WTC, Transportation Hub (2003-2015), Njujork, SAD

Транспортниот центар во Светскиот трговски центар во Њујорк (2003-2015)

 

За овој објект, бившиот извршен директор на Port Authority of New York and New Jersey, Joseph Seymour изјавил: „Ние мислиме дека тој е Де Винчи на нашето време“. Проектот за Chicago Spire, Чикаго, САД, облакодер висок 610 метри, со 160 ката, кој требаше да биде највисок во САД, сè уште не е реализиран; Неговиот проект, Florida Polytechnic University (2012-2015) во Lakeland, Флорида, САД, е награден како проект на 2015 година. Зградата за иновации, наука и технологија, е главната зграда на Универзитетот и се состои од 26 наставни лаборатории и училници, 11 лаборатории за истражување, две соби за семинари, 17 соби за состаноци и 1.022 м² општа површина. Криволинискиот покрив на зградата вклучува сложен систем на кинетичко засенчување за ладење во зависност од локацијата на сонцето. Системот за засенчување, долг 76 метра, користи еден пар крила, кои можат да се движат за 113º и кои се кинетички направени од 94 алуминиумски перки. Периметарот на зградата е опкружен со геометриски перголи.floridapolytechnicuniversity-calatrava-exterior1-hero-tcm20-2169568

Florida Polytechnic University (2012-2015) во Lakeland, Флорида, САД

Калатрава има дефинирано свој стил, помеѓу конструктивното инженерство и архитектурата. Тој тврди дека ја продолжува традицијата на шпанските модернистички инженери како Феликс Кандела (Felix Candela, 1910-1997), Антонио Гауди (Antonio Gaudi,1852-1926) и Рафаел Гуаставино (Rafael Guastavino 1842-1908), со многу личен стил кој произлегува од бројни студии на човечкото тело и природата. Архитектонските критичари ја гледаат неговата работа како продолжение на неофутуристичкиот експресионизам на Еро Саринен (Eero Saarinen 1910-1961).

Скулптура во архитектурата … Уметник, Скулптор, Сликар …

Калтарава тврди дека архитектурата е комбинација на сите уметности во една. Неговите флуидни скици, слободни движења, понекогаш слични на Матис (Matisse, 1869-1954) , кои играат во воздухот, се жесток контраст на моќната, силна, убедлива геометрија на неговите згради. „Тие ме држат да размислувам за формата, обликот, густината, тие ја држат мојата острина. Сите се студии за моите згради“,  изјавува. Неговите дела, скулптури и слики се изложуваат во најпознатите музеи во големите градови во светот:

  • Во 2005 година, Музејот за уметност Метрополитен, во Њујорк, одржа изложба на неговото уметничко и архитектонско дело, под наслов „Скулпура во архитектурата“. Калатрава изјави: „Мислам дека кураторот на изложбата Gary Tinterow, го сфати мојот начин на работа, бидејќи изложбата ја наслови ’Скулптура во архитектурата‘, а не обратно“.
  • Во 2012 година, во Музејот Ермитаж во Санкт Петербург, се одржа изложба на неговата работа, како и изложба во Музејот на Ватикан во Рим.
  • Во галеријата Марлборо во Њујорк, во мај 2014 година беа изложени делата на Калатрава.
  • Осум од неговите скулптури, беа прикажани оваа пролет на Парк авенијата во Њујорк, помеѓу 52-та и 55-та улица.
  • Изложби на неговите дела имаше во Германија, Англија, Шпанија, Италија и други земји.calatrava14n

Кој е Сантијаго Калатрава? Тајната е во филантропијата

Несомнено и пред сè, уметник. Неговите бројни дела, гледани во мал размер, како модели, се извонредни скулптури. Реализирани во природна големина, и во пејзажот на природата, оставаат впечаток на недостижни архитектонски истрели со неоспорен модернитет. И конечно, ако тие се посматраат во најмалите детали, во најскриените ќошиња, брзо ќе се констатира дека една невидлива нитка на инженерот, ги држи сите составни елементи во законите на механика и теоријата на конструкциите. Калатрава е сигурно и Скулптор и Архитект и Инженер. Тој е истовремено и Огуст Роден (Auguste Rodin, 1840-1917) и Френк Гери (Frank Ghery, 1929) и Густав Ајфел (Gustave Eiffel, 1832-1923).

„Животот е какао збирка на бисери“, вели Калатрава. „По патот ќе ги сретнете на разни места. Која е смислата на функцијата во архитектурата? Тоа е љубовта. Љубовта што еден човек ја дава на другите. Великодушноста на архитектот. Постои голема тајна во архитектурата, а тоа е нејзината филантропска природа. Филантропијата може да се разбере во однос на функцијата. Објектот добро функционира ако има љубов кон луѓето. Тајната на филантропијата во архитектурата е во нејзината функција. Убавината се дава преку интелигенцијата и интуицијата. Архитектурата е таа што ги прави убави дури и руините, таа е најапстрактна од сите уметности“.

На 64-годишна возраст, Калатрава изјавува: „Многу од архитектите на кои им се восхитувам, најдоброто од себе го дадоа во нивната зрелост. Се надевам дека ќе го сторам истото“… И продолжува неуморно да работи. Во моментов работи на проектирање на шест километри долг мост во Доха, Катар, а неодамна беше избран да проектира и три моста во Wuhan, Кина…

Испрати коментар

Scroll To Top