Насловна / Архитектура / „Рециклирана архитектура“ како одговор за возобновување на заборавени и напуштени објекти

„Рециклирана архитектура“ како одговор за возобновување на заборавени и напуштени објекти

Во Музејот на Град Скопје се отвори 18. Биенале на македонската архитектура, коешто оваа година се одржува на тема „Рециклирана архитектура“.KPO_1831

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ и директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски ја отворија традиционалната изложба на дела продуцирани од страна на македонските архитектонски автори во изминативе две години.KPO_1828

На различни локации во Скопје, во наредните две недели ќе се организираат изложби, предавања и дискусии на домашни архитекти, но и на гости од странство, меѓу кои најголемо внимание ќе привлече секако предавањето на хрватскиот критичар на архитектурата Мароје Мрдуљаш.KPO_1869

Во своето обраќање пред присутните, селекторот на БИМАС 2016, архитектот Александар Радевски, истакна дека на овогодишното Биенале на македонската архитектура, биле селектирани 86 трудови кои се распределени во пет категории. Според Радевски, темата „Рециклирана архитектура“ е длабоко промислена и e од суштинско значење за периодот во кој се наоѓа архитектурата денес.KPO_1851 KPO_1853 KPO_1845

„Архитектурата е постојано во состојба на реобмислување и ревреднување на нејзината есенцијална и егзистенцијална состојба. Да се размислува за „рециклирана архитектура“, значи да се дојде во состојба на свесност за постоењето на прави вредности и критериуми. Во состојба на огромна градежна експанзија каде градењето претставува состојба на масовност, заборавањето, потиснувањето или запоставувањето на објектите, кои од различни причини ги надминуваат можностите на современото време, е можност и право време за реобмислување и ревреднување на истите“, смета селекторот Радевски.KPO_1858 KPO_1866

Претседателот на организацискиот одбор на БИМАС 2016, архитектот Бојан Каранаков, истакна дека Биеналето има за цел да ги отвори прашањата за стратегиите за справување со оваа состојба. Односно, дали „рециклирањето“ на оваа архитектура преку нејзина креативна пренамена и приспособување е соодветен одговор на поставените прашања? Или дали за старите анахрони комплекси треба да се понудат сценарија преку кои може да им се помогне да бидат реактивирани и реинтегрирани во градското ткиво, а со тоа да го регенерираат или, можеби, рушењето и почнувањето одново е поисплатливо и помалку обврзувачко?KPO_1890

Според Каранаков, „поимот рециклирање во овој контекст се однесува на потребата да се понудат нови одговори на урбаните елементи и програми кои во денешни услови се застарени и надминати. Денес, старото урбано ткиво или наследство нуди голема количина објекти кои откриваат важни просторни, конструктивни и еколошки состојби на кои треба да се оперира со функционални методи“.KPO_1871 KPO_1875 KPO_1877 KPO_1879

Претседателот на ААМ, архитект Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, во својот говор потенцираше дека  архитектите имаат обврска да укажат на недостаток на интерес за напуштените објекти, занемарување и неодржување на објекти значајни за архитектонското творештво, на негрижата за културното наследство и, згора на сè, на рефасадирањето на значајни архитектонски дела.

„Тешко е да се влијае на тоа, но имаме одговорност да најдеме начин, а и да допреме до колективната свест. Повеќе од јасно е дека постои недостаток на интерес за зачувување, обнова, а уште повеќе недостаток на интерес за пренаменување, вдахнување нов живот и концепт на објектот“, истакна Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Затоа, според Раѓеновиќ-Јовановиќ, темата има за цел да нè потсети на тие места и објекти, да укаже на нивната употребливост, да покаже дека животот на објектот е подолг од животот на човекот, а го поседува и вечниот сон, продолжување на животот. KPO_1885 KPO_1881 KPO_1879 KPO_1838 KPO_1839 KPO_1841 KPO_1843

На БИМАС 2016 не беше изложен ниту еден проект од „Скопје 2014“.

Свеченото доделување на наградите на овогодишниов БИМАС ќе се одржи на 31 мај, во просториите на Музејот на Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top